Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНСПЕКТОРАТИТЕ „ПОД КАПАТА“ НА МИНИСТЕРСТВАТА: остануваат без буџетски сметки, еве ги деталите од законските измени
Економија

ИНСПЕКТОРАТИТЕ „ПОД КАПАТА“ НА МИНИСТЕРСТВАТА: остануваат без буџетски сметки, еве ги деталите од законските измени

30/01/2025

AA

Инспекторатите во
земјава преминуваат под капата на Министерствата, со што ја губат буџетската
сметка, односно повеќе нема да бидат буџетски корисници. Со ова, инспекторатите
повеќе нема да можат да спроведуваат постапки за јавни набавки, ниту пак да
вработуваат нови лица, или да одлучуваат за вработените
. Измените на законот за
инспекциски надзор, кои веќе се во Собрание, според предлагачите се наметнаа со
организациските промени кои настанаа по измените на Законот за
организација и работа на органите на државната управа.

– 
Во Буџетот на Македонија за
2025 година, во рамки на министерствата, како посебни потпрограми се вклучени
државните инспекторати, согласно Законот за организација и работа на органите
на државната управа, истите повеќе не се буџетски корисници од прва линија. Се избриша
одредбата дека инспекторатите имаат својство на правно лице, па оттука
произлезе потребата од доусогласување во однос на надлежностите на директорите
на државните инспекторати со новонастанатата состојба според која
инспекторатите немаат сопствена буџетска сметка, не можат самостојно да
спроведуваат постапки за јавни набавки и вработувања во согласност со закон,
ниту да одлучуваат за правата и обврските од работен однос на вработените 
– се наведува во предлог законот доставен во Собранието.

Законот за инспекциски надзор всушност ги  уредува основните
начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на
Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, како и сите останати детали во работењето
на инспекциските служби.

Со измените на Законот за
организација чиј главен фокус беше реорганизацијата на министерствата, се
изврши интервенција на постојната законска рамка и соодветно утврдување на
надлежностите на министерствата. Се прави прераспределба на надлежностите на
органите на државната управа, прегрупирање по сродни области… Предлагачите посочуваат дека со законските измени се воспоставуваат линии на отчетност помеѓу ресорните
министерства и органите во нивен состав, и се зајакнува улогата на министерствата за надзорот над
законите од нивна надлежност.

– 
Во контекст на ова, се уредува
дека инспекторатите продолжуваат да работат како органи во состав на
министерствата
– се нагласува
во законот.

Притоа е
прецизирано дека Државниот девизен инспекторат
продолжува да работи како орган во состав на Министерството за финансии. Државниот
инспекторат за техничка инспекција продолжува да работи како Државен
инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини во состав на
Министерството за енергетика. Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот инспекторат за
шумарство и ловство
продолжуваат да работат во состав на Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во
состав на Министерството за здравство. Државниот просветен инспекторат продолжува да
работи како орган во состав на Министерството за образование и наука. Државниот
инспекторат за труд
и Државен пазарен инспекторат во состав на Министерството за економија и труд. Државниот
инспекторат за локална самоуправа како орган на Министерството за локална
самоуправа
. Државниот управен инспекторат продолжува да работи како орган во
состав на Министерството за јавна администрација. Државниот инспекторат за
транспорт
, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот
комунален инспекторат продолжуваат да работат како органи во состав на
Министерството за транспорт. Државниот инспекторат за животна средина во состав на Министерството
за животна средина и просторно планирање.

Меѓу другото е потенцирано дека треба да се сменат општите
услови за именување на директор, во однос на потребното работно искуство по
дипломирањето, во соодветната област, како и потребното уверение, сертификат
или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто
користени јазици на Европската Унија, англиски, француски, германски и италијански.

– 
Исто така, заради доследна
примена на законските одредби се јави неопходна потреба вработените, опремата,
инвентарот и другите движни и недвижни ствари, документацијата (вклучувајќи ја
и архивата), средствата за работа, побарувањата и намирувањето на обврските,
како и сите права и обврски кои произлегуваат од склучените договори на
државните инспекторати да се преземат во министерствата во чии рамки
продолжуваат да работат
– се нагласува во законското решение.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45302
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот во Шуто Оризари

28/08/2026

Стевче Јакимовски речиси три недели бил хоспитализиран поради здравствени тегоби, а пред два дена е вратен во Казнено-поправната установа Затвор

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy