Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инспекциите открија неправилности кај матични гинеколози
Македонија

Инспекциите открија неправилности кај матични гинеколози

09/12/2025

AA

Инспекциски екипи на Управата за јавни приходи и Фондот за здравство во изминатиот период спровеле контроли кај матичните гинеколози, при што биле утврдени неправилности поврзани со неиздавање фискални сметки. Според неофицијални информации на „Слободен печат“, Фондот извршил проверки и во Службата за итна медицинска помош, со фокус на валидноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од инспекциите се очекува да бидат објавени следната недела.

Во мониторинг извештајот за Програмата за заштита на родилки и доенчиња, спроведен од невладини организации од октомври 2024 година, како една од клучните забелешки е наведена праксата на наплатување услуги кои треба да бидат бесплатни согласно подзаконските акти, при што пациентките не добивале фискални сметки.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, на прес-конференција се осврна на тековните прашања, меѓу кои и проблемот што во моментов на Клиниката за онкологија не се изработуваат анализи за тумор маркери. Тој нагласи дека пациентите не се загрозени, бидејќи анализите се вршат на Институтот за клиничка биохемија, кој се наоѓа во непосредна близина. До сега, на Институтот се направени околу 150.000 анализи, а дополнителни тестирања се спроведуваат во ГОБ „8 Септември“, како и во болниците во Куманово и Тетово.

Според податоците на Фондот, до октомври годинава изработени се 238.744 анализи за тумор маркери, во вредност од над 2 милиони евра. Најголем број од нив се направени во Скопје, на Клиничка биохемија – вкупно 48.843 анализи. Клековски истакна дека е потребна рационализација на користењето на тумор маркерите, бидејќи само мал дел од нив се применливи за дијагностика, освен ПСА за простата.

Тој посочи дека кај ракот на дојка, каде има околу 2.500 пациентки на хормонална терапија, годишно се прават 21.000 анализи – бројка што е повисока од очекуваното. Според него, треба да се преиспита дали дел од анализите се изработуваат без медицинска потреба.

Клековски соопшти и дека во ноември биле исплатени 6.600 породилни отсуства, а во тек се проверки дали има заостанати исплати, бидејќи жените од Скопје претходно пријавуваа доцнења. Анализата на Фондот покажува дека во август и ноември 2025 година е забележан нешто помал број исплати, а причините дополнително се истражуваат.

Тој додаде дека Фондот работи на подобрување на динамиката на исплатите и дека постојат случаи кога исплатата за една родилка се врши за два или три месеци одеднаш поради доцнење во иницијалното процесирање.

Од Фондот информираа и дека рокот за исплата на капитациите кон матичните лекари е запазен во законскиот рок од 60 дена, а исплатата за ноември, во вредност од 493 милиони денари, е во тек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта

29/08/2026
Македонија

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и

29/08/2026
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45316
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски во прва посета на Израел: Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за

29/08/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за израелскиот весник „The Jerusalem Post“, дадено во рамките

Од вторник Градски воз: Осум линии дневно меѓу Зелениково и Скопје

29/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно се воспоставува железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз што ќе сообраќа

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy