Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иницијативата за реформи во ИВЗ: Исламската заедница е обезличена, вината ја сноси и Уставниот суд и ДУИ
Македонија

Иницијативата за реформи во ИВЗ: Исламската заедница е обезличена, вината ја сноси и Уставниот суд и ДУИ

02/05/2025

AA

Иницијативата за реформи во Исламската верска заедница (ИВЗ) излезе со остра реакција, обвинувајќи ја раководната структура на ИВЗ, Уставниот суд и партијата ДУИ за „деинституционализација и обезличување на муслиманите во Македонија“.

Во писмената реакција, потпишана од проф. д-р Бејадин Амети, се критикува начинoт на кој е трансформирано средното теолошко училиште „Иса Бег Медреса“, обвинувајќи ја ИВЗ дека наместо да се соочи со реалните предизвици, прибегнува кон замена на вистинските виновници. Проблемот, велат од иницијативата, датира од 2008 година кога средното образование стана задолжително, а Медресата почнала да запишува ученици кои немале интерес за исламската теологија, со што се нарушил основниот идентитет на институцијата.

На критика е изложена и последната одлука со која, според Иницијативата, Шаќир Фетаху со „неквалитетна владина одлука“ го укинал оригиналното училиште и формирал приватна гимназија со истото име, со што, како што наведуваат, е укинато 600-годишно исламско наследство.

Во реакцијата остро се осудува и Уставниот суд. Изјавите на претседателот Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска-Данева се оценети како „неуставни и неписмени“, а судиите се обвинуваат дека не го разбираат принципот на секуларноста. Иницијативата вели дека во судот „реинкарнирале Енвер и Неџмие Хоџа“, алудирајќи на агресивен секуларизам.

ДУИ, пак, е обвинета дека две децении „ја заробила и понизила ИВЗ“, особено од 2013 година кога, според Иницијативата, партијата целосно ја презела верската институција.

Иницијативата бара итни измени на Законот за верски заедници и трансформација на Комисијата за односи со верските заедници, со цел враќање на автентичната улога и углед на Медресата, преку државна акредитација и квалитетна теолошка настава.

„Само така, училиштето ќе може повторно да продуцира квалитетни кадри, признати не само во Македонија, туку и пошироко“, порачуваат од иницијативата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА Владата препорача привремена реорганизација на

29/09/2026

Вработените во осум државни институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено да ги извршуваат работните обврски од дома, препорача

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy