
Инѕаги: Лани одигравме полошо со Салернитана, а победивме 5-0!
Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги смета дека во поглед на играта мечот со Салернитана кој заврши 1-1 не е разочарување, но според резултатот секако дека е.
„Минатата година победивме 5-0 и не игравме добро како во петокот. Тогаш во првото полувреме имавме четири шута а постигнавме три гола, овојпат имавме повеќе од 20 шутеви и дадовме само еден гол. Знаеме каде погрешивме. Критики секогаш ќе има“, вели Инѕаги.
„Што се однесува до Бенфика, тоа нема да биде лесен меч, играме против силен тим, квалитетен, знаевме дека мора мора да бидеме „заедно“ тоа е зборот кој треба да го користиме во следните два месеци“.
„Бенфика е одличен тим. Како и Порто, доминираат во нивната лига. Ќе има моменти на офанзива и дефанзива. Бенфика сигурно ќе игра за да победи, тие играат и со глава и со срце“.