Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Имало место за 200, а внатре биле 700 луѓе – прекинат настапот на Аца Лукас поради прекршување на законските прописи
Македонија

Имало место за 200, а внатре биле 700 луѓе – прекинат настапот на Аца Лукас поради прекршување на законските прописи

23/11/2025

AA

Настапот на познатиот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во петокот во популарен локал во Кавадарци бил ненадејно прекинат околу полноќ, иако вечерта започнала во одлична атмосфера. Според сведоштва на присутни, кои кружат на повеќе портали и социјални мрежи, полицијата влегла во објектот и го стопирала настапот поради сомнежи за прекршување на повеќе законски прописи.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за телевизија Сител изјави дека организаторите побарале од општината дозвола за користење дополнителен јавен простор за поставување маси, шанкови и урбана опрема за потребите на настапот, но барањето било одбиено од безбедносни причини.

„Општината заедно со комисија излезе на терен и утврди дека нема услови за поставување дополнителни маси. На 14 и 11 месец официјално беше одбиено решението и сопственикот беше известен и писмено и усно“, рече Јанчев.

Тој нагласи дека кафетеријата има капацитет за околу 200 гости, а внатре биле присутни повеќе од 700 лица, што значело тројно надминување на дозволениот број. Дополнително, работното време на локалот е ограничено до еден час по полноќ, а настапот се одвивал подолго.

Според градоначалникот, ангажманот на изведувачот не бил пријавен ниту во Агенцијата за вработување, ниту во Министерството за труд, што претставува уште едно прекршување.

„Како општина која работи транспарентно и ажурно, нема да дозволиме да се повтори нешто како трагедијата што ја видовме пред неколку месеци во Кочани. Нема да дозволиме пренатрупани локали без основни безбедносни мерки“, истакна Јанчев.

Полицијата засега не објави дополнителни детали за прекинот, но случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено поради масовноста на случувањето и безбедносните ризици. Очекувања се дека инспекциските служби ќе спроведат дополнителни проверки во локалите во градот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy