Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Идните пожарникари два дена во клупа, па очи в очи ќе се соочат со огнот
Македонија

Идните пожарникари два дена во клупа, па очи в очи ќе се соочат со огнот

05/08/2025

AA

На 13 локации низ државата започна обуката за идните припадници на противпожарните служби. Обуката започнува со теоретска настава, а по два дена учесниците ќе се соочат со реални услови – вежби за гаснење пожари на отворено. Сепак, првично ќе бидат распоредени на терени со низок ризик, додека не ги совладаат вештините и техниките за гаснење и користење на опремата.

Во Скопје, од вкупно 50 пријавени кандидати, на обуката се појавиле 34. Дел од останатите не биле примени поради нецелосна или неуредна документација.

Оваа обука се спроведува во рамки на владината мерка за ангажирање на лица за превенција од пожари. Учесниците кои успешно ќе ја завршат обуката ќе бидат вклучени во тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните бригади, со склучени договори за нивниот ангажман.

Засилувањето на капацитетите на терен е од клучно значење, особено во услови кога во еден ден, како што беше случајот на 27 јули, беа регистрирани пожари на 51 локација низ државата. Поради обемот на пожарите, тогаш беше побарана и меѓународна помош – која пристигна од Чешка и Словенија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy