Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Здравје и Работа: Ако арбитражата пресуди милионски штети на товар на буџетот за иловица лажните еко активисти ќе добијат кривични пријави и тужби!
Македонија

И Здравје и Работа: Ако арбитражата пресуди милионски штети на товар на буџетот за иловица лажните еко активисти ќе добијат кривични пријави и тужби!

08/04/2024

AA

Само неодговорни луѓе може да ликуваат на Арбитража со лаконско тврдење дека нема правен основ. Небаре се меѓународни судии а не обични манипуланти. Само да знаат дека ако Македонија изгуби спор на Арбитража за рудникот Иловица и биде задолжена за милионски отштети ние ќе покренеме иницијатива за кривична пријава и граѓански тужби за секој од овие лажни еко активисти кои ќе бидат непосредно одговорни за предизвикување тешки штети врз Буџетот за Македонија со предизборни уцени, пишува здружението на граѓаните од Струмичката котлина „И Здравје и Работа“ по информациите дека за рудникот Казандол државата ќе треба да плати половина милијарда евра оштета по изгубениот спор на Меѓународна Арбитража, но и дека сличен процес можно е да поднесе и компанијата Еуромакс Ресоурцес која има концесии за рудникот за бакар „Иловица = Штука“.

Во продолжение објавата на „И Здравје и Работа“:

Шизофренија се карактеризира со дезинтеграција на мисловните процеси и на емотивната реакција. Таа најчесто се манифестира како аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии или неповрзан говор и мислење, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност.

Зошто ја започнуваме објавата со дефиниција за шизофренија? На 14 март главниот политикант од Струмичката котлина излезе со “вонредно соопштение” во кое во стилот на НКДВ и Берија објави информации за наводни тајни средби на концесионерот на Иловица со Ковачевски и Мицкоски на кои било договорено Македонија да стане рударска колонија. Денес, после 23 дена истиот политикант објавува сосема спротивна анализа. Како да станува збор за две различни личности а не ист човек. Сега, според неговото мислење, концесионерот на Иловица бил готов и дека заканите за Арбитража се доказ за нивната паника.

Лажните еко активисти оркестрирано го споредуваат концесионерот со змија на која според нив главата треба да и се отсече. Трумфално слават што Управниот Суд пресудил против концесионерот. Еднаш го воспеваат Управниот Суд, друг пат го кудат во зависност од исходот.

Станува неподнослива леснотијата со која се менуваат ставовите на овие неколкумина обожаватели на Левица, следбеници на Путин, Дугин и Енвер Хоџа, антиестаблишмент, антизападни и анти НАТО активисти кои се лукративно мотивирани да ја задржат “статус кво” состојбата со рударската индустрија во Македонија. Заради нивниот егзибиционизам страда целата Струмичка котлина.

Регионот секојдневно се празни, младите и работоспособните си го бараат чарето на запад, додека лажните еко активисти зборуваат за змии, масони, пликоа, апарати за заварување…Притоа нивниот “оџак си чади” зошто се на платен список и секој збор против рудникот Иловица си го наплаќаат скапо. Не случајно се помалку жители на Струмичката котлина не паѓаат на нивните трикови.

Само неодговорни луѓе може да ликуваат на Арбитража со лаконско тврдење дека нема правен основ. Небаре се меѓународни судии а не обични манипуланти. Само да знаат дека ако Македонија изгуби спор на Арбитража за рудникот Иловица и биде задолжена за милионски отштети ние ќе покренеме иницијатива за кривична пријава и граѓански тужби за секој од овие лажни еко активисти кои ќе бидат непосредно одговорни за предизвикување тешки штети врз Буџетот за Македонија со предизборни уцени.

Ќе си одговараат за своите постапки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy