Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ЗА РАБОТНИЦИТЕ ДА ИМА НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕВОЗ, АКО ТОА НЕ ГО ОРГАНИЗИРАЛ ГАЗДАТА – еве каков е најновиот предлог на Левица
Економија

И ЗА РАБОТНИЦИТЕ ДА ИМА НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕВОЗ, АКО ТОА НЕ ГО ОРГАНИЗИРАЛ ГАЗДАТА – еве каков е најновиот предлог на Левица

17/02/2025

AA

Откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ одбија да гласаат за предлогот за кратење на енормно високите патни трошоци, опозициската Левица сега предлага нов законски текст, кој би одел како измени на Законот за работни односи, и со кој би се вратиле патните трошоци и за сите други работници.

Во Собранието прес-конференција одржа портпаролот и пратеник од Левица, Амар Мециновиќ, по повод поднесениот Предлог-закон за враќање на патните трошоци за работноците од страна на неговата партија.

„Левица во Собранието предлага враќање на патните трошоци за работниците. Имено, со измени во Законот за работните односи, Левица предлага да се врати ова право на работниците кое наместо да биде во нивните раце е оставено на волјата на работодавците.

Со години гледаме како пратениците на ова Собрание си наплаќаат патни трошоци за фиктивни релации, за патарини и амортизација на нивните возила. Додека тие ги полнат џебовите со народни пари, илјадници државјани низ државата сами ги покриваат своите трошоци за да стигнат на работа и да обезбедат леб за своите семејства. Практично, ако има за пратениците, ќе има и за работниците.

Ние нудиме измени во членот 113 од Законот за работни односи и велиме: Доколку превоз до и од работното место не е организирано од страна на работодавачот, работникот има право на надомест на трошоци по истата формула која ја понудивме за пратениците, односно 6,5 литри реална цена на гориво за секој изминати 100 километри.

Ова е мерка за подобрување на животниот стандард на граѓаните во услови кога Владата се иззема од трипартитниот дијалог и кога одбива да ги зголеми платите на граѓаните за време на ценовни шокови.

Во суштина, ова не е прашање на привилегии, ова е прашање на праведност помеѓу привилегираните и работниците на чиј товар паѓа целата економска активност“, рече Мециновиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362

16/02/2026
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41518
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362 домаќинства – евакуирани 250 лица,

16/02/2026

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија продолжуваат да бидата на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy