Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА СМРТ Обдукцијата го потврди сомнежот на истражителите
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА СМРТ Обдукцијата го потврди сомнежот на истражителите

25/02/2026

AA

Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството во Старо Нагоричане. Директорот на Судска медицина проф. д – р Александар Станков за МИА изјави дека станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена, но дека се подготвува писмениот извештај кој најверојатно до понеделник ќе биде доставен до Обвинителството.

– Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која обвинителството побара ексхумација – изјави Станков.

Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек. Кај двете жени станува збор за насилна смрт.

Од ЈОРСМ велат дека во моментот тече истрагата за осомничениот за убиство од општина Старо Нагоричане и посочуваат дека вештиот наод од обдукцијата не е доставен до Обвинителството. Минатата недела (20 февруари) обвинителството соопшти дека е наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена, поради како што наведе тогаш „заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител“.

– Завршена е обдукцијата, се подготвува писмениот извештај и извештајот од ДНК анализите, така што очекувам во најбрз можен рок, најдоцна до понеделник, Обвинителството да го има наодот од обдукцијата и од ДНК анализите. Она што единствено можам да кажам, бидејќи се работи за истрага е дека се работи за насилна смрт и кај втората помлада жена – изјави Станков.

Тој повтори дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од село Челопек, каде исто така има насилна смрт и од осомничениот и дека се работи на сите анализи.

Основното јавно обвинителство Куманово, соопшти дека сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани. Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следува негова психијатриска процена од тим на експерти.

„Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали“, соопштија од ЈОРСМ.

Кумановската полиција информира дека на 12 февруари, годинава и осомничениот влегол во домот на 78-годишната жена во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, физички ја нападнал и со перница ја задушил. Полициските службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Т. Б. (25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 12 февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М. С. (78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти тогаш полицијата.

Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираат од СВР Куманово, поднесена е кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.

„Откако бил пријавен настан на 09.02.2026 година за физички напад врз Р.Т. (86) во село Челопек, Т.Б. (25) бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Поради тоа што истрагата сè уште е во тек за подетални информации ќе бидете дополнителни известени“, информираат од СВР Куманово.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони

25/02/2026
Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат

25/02/2026
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА

25/02/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им

25/02/2026
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
Македонија

ВИДЕО Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во

25/02/2026
Македонија

КОНЕЧНА ПРЕСУДА: ИРЛ И САШКА ЦВЕТКОВСКА ГО НАКЛЕВЕТИЛЕ КОЧО АНЃУШЕВ

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41949
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони за намалени плати

25/02/2026

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат 16 степени

25/02/2026

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им се живее во Македонија!

25/02/2026

Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy