Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И од метла и крпа може добро да се заработи! Кој ќе ги гланца скопските канцеларии на МВР и АНБ за 800.000 евра годишно?
Економија

И од метла и крпа може добро да се заработи! Кој ќе ги гланца скопските канцеларии на МВР и АНБ за 800.000 евра годишно?

14/07/2023

AA

Критериум за избор на најповолен понудувач била цена за чистење на еден квадратен метар месечно и час работа за што во силна конкуренција на шест компанија најдобриот понудувач се нафатил да чисти квадрат за нешто помалку од едно евро месечно! Тој бизнис ќе му донесе редовни приходи од 2,3 милиони евра (со вклучен ДДВ) за период од три години, пишува во јавно достапната рамковна понуда

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за чистење на нивните канцеларии во Скопје ќе платат 2,4 милиони евра за период од три години. Договорот е достапен на е склучен за одржување чистота во сите деловни простории на МВР и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

На тендерот за чистење на најголемата организација во земјава имало силна конкуренција. Меѓусебно конкурирале дури шест компании чија специјалност е одржувањето на чистота и хигиена. Во конкуренција на: Сити Аутсорсинг, Ланд-сервис, Техно-чист, Стед-комерц, Бигор клининг најдобра понуда дала компанијата Инфинити клининг Груп од Гази Баба, Скопје која го добила тендерот за вкупно сума со ДДВ од 2,4 милиони евра односно просечно годишно за комплетното одржување на хигиена МВР и АНБ ќе платат по 800.000 евра.

Интересно е тоа што критериумот за избор е чистење на квадратен метар за период од еден месец и за еден работен час паушален ангажман. Фирмата од Гази Баба која го добила тендерот понудила да чисти за помалку од едно евро (без ДДВ) месечно.

Од јавно достапните податоци се гледа дека МВР ќе плати значајно поголем дел од сумата односно 2,16 милиони евра. Останатите 216.000 евра се за чистење за потребите на АНБ.

За истакнување е и деталност во описот на спецификацијата на стручните служби од МВР кои го подготвиле тендерот затоа што навеле дека понудувачот треба да има посебни крпи за под, за стаклени површини, за дрвени површини,за работни површини, за санитарни површини потоа посебни крпи за ВЦ школки и писоари потоа сунѓери, џогери, посебни кофи за подни и санитарни површини како и за стаклени, дрвени и работни површини. Дури е специфицирано и минималната моќност на правосмукалките да не биде помала од 1.000 вати снага на моторот.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy