Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Италија ги растури младинците, Македонија ќе води грчевита борба за опстанок
Спорт

И Италија ги растури младинците, Македонија ќе води грчевита борба за опстанок

18/07/2024

AA

Македонската младинска репрезентација и по петти пат капитулираше на Европското првенство во Полска и пред неа сега е најтешката борба за опстанок во елитната конкуренција.

Подобра од нашата селекција денеска беше Италија која славеше со 92-70 и продолжува во битката за пласман од деветтото до 12. место. Од друга страна, следна станица за Македонија е борбата за место меѓу 13. и 16. позиција при што не е дозволен нов кикс бидејќи мораат да се добијат последните два меча за да се обезбеди опстанок во А-дивизијата.

Македонската репрезентација денеска беше конкурентна само во првите осум минути кога и водеше со 13-12. Следуваше серија од 13-1 на противникот за двоцифрена предност на крајот од првата четвртина (25-14). Нашите кошаркари не се предадоа во прв момент, дојдоа на 22-27, но со уште една серија од 10-0, Италијанците се вратија на убедлива предност, а на голем одмор заминаа со 50-31. Во второто полувреме разлика не се симна на едноцифрена вредност, а најмногу што успеа да се доближи Македонија беше -10.

Убедливвиот пораз на нашата репрезентација дојде и покрај релативно добриот шут од дистанца имајќи предвид дека Македонија погоди 14 тројки од 37 шута што значи дека повеќе од половина поени се постигнати од тројки. Најефикасен беше Симиќ со 17 поени, а Јовановиќ и Бошалески постигнаа по 13. Следен противник на Македонија ќе биде Исланд, а натпреварот се игра в сабота.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владин возач барал 1.500 евра мито за вработување пожарникар

06/09/2026
Македонија

Варнс со честитка за 35 години независност: Заедно градиме побезбедна

06/09/2026
Македонија

Политичка бура за државната каса: Дали Македонија се задолжува рекордно

06/09/2026
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владин возач барал 1.500 евра мито за вработување пожарникар

06/09/2026

Вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата, кој работел како возач на висок владин функционер, е осомничен

Варнс со честитка за 35 години независност: Заедно градиме побезбедна и попросперитетна иднина

06/09/2026

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Никол Варнс, упати честитка до граѓаните по повод 35 години од независноста на државата, нагласувајќи

Политичка бура за државната каса: Дали Македонија се задолжува рекордно или само враќа стари долгови?

06/09/2026

Најавата за ново финансирање од 1,3 милијарди евра предизвика жестока пресметка меѓу власта и опозицијата. Додека опозицискиот лидер Венко Филипче

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy