Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И авион во кој бил Бујар Османи изгубил сигнал во Бугарија
Македонија

И авион во кој бил Бујар Османи изгубил сигнал во Бугарија

03/09/2025

AA

Албанскиот портал „Јавањуз“ објави дека инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој принудно слета во Пловдив поради губење на ГПС-сигналот, не бил единствен случај на ваков тип. Според порталот, идентичен инцидент се случил и во февруари 2023 година со службениот авион на Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи на Северна Македонија и тогашен претседавач со ОБСЕ.

Авионот на Османи, како и во случајот со фон дер Лајен, целосно го изгубил ГПС-сигналот додека прелетувал низ бугарскиот воздушен простор. Пилотите биле принудени да користат рачни системи за навигација и печатени мапи, следејќи протоколи за итни ситуации слични на оние користени при слетувањето на авионот на претседателката на ЕК.

Според „Јавањуз“, двата случаи се идентични, со разлика што инцидентот со фон дер Лајен веднаш беше објавен, додека случајот со Османи бил разгледуван само интерно и останал скриен од јавноста.

„Два такви инциденти со високи функционери во истиот воздушен коридор јасно укажуваат на системска ранливост“, изјави европски аналитичар за воздухопловна безбедност за порталот.

Случајот со авионот на фон дер Лајен веќе доведе до признавање од страна на бугарските воздухопловни власти дека се случуваат блокирања на ГПС-сигналот во нивниот воздушен простор, со сомневање за непријателска активност, можеби од Русија. Инцидентот со авионот на Османи ја покажува уште поголемата ранливост на источната граница на Европа.

Европски функционер за безбедност истакна дека доколку инцидентот со Османи бил објавен во 2023 година, тоа веднаш би предизвикало дипломатски истраги.

Експертите предупредуваат дека ваквите напади, познати како „џеминг“ и „спуфинг“, кои традиционално ги користат воените и разузнавачките служби, можат да предизвикаат сериозна опасност за цивилната авијација. ГПС-блокирањето во последниве години зачестува во балтичките држави и Источна Европа, особено близу границите со Русија.

Официјален Кремљ во понеделникот негираше било каква вмешаност во инцидентот со авионот на претседателката на ЕК, додека прелетувал над Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy