Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрват е исчезнат, а кај Македонецот најден бугарски пасош, кој е убиениот во Боливија најден во црна вреќа?!
Македонија

Хрват е исчезнат, а кај Македонецот најден бугарски пасош, кој е убиениот во Боливија најден во црна вреќа?!

15/08/2025

AA

Во крвавата ликвидација во Санта Круз, Боливија, меѓу жртвите е и Дејанче Лазаревски (43), познат по прекарот „Македонец“. Кај него боливиската полиција пронашла бугарски пасош, а телото му било пронајдено во кујната на изнајмена куќа, завиткано во црна вреќа. Заедно со него, во саботата биле пронајдени и Марко Скербец (1992) од Риека, Хрватска, и Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, Србија.

Хрватските медиуми јавуваат дека Скербец исчезнал на 8 август, а исчезнувањето било пријавено во ПУ Приморско-горанска откако престанал да се јавува на семејството. Според „Јутарњи лист“, Скербец имал неколку лажни идентитети и долго време престојувал во Боливија. Боливиските истражители веруваат дека тројцата биле жртви на пресметка меѓу кавчанскиот и шкаљарскиот клан, поврзана со трговија со кокаин.

Скербец е споменат десетици пати во обвинението на словенечкото Специјално државно обвинителство против кавчанскиот клан. Според документите, користел шифрираната апликација Sky под прекарот „Coco“ и се смета за еден од водачите на групата. Доказите вклучуваат снимени разговори, следење, фотографии од дрога и мапи на маршрути за шверц – од Шпанија, преку Италија, Германија, до Словенија и Хрватска.

Бруталната ликвидација во Санта Круз е само уште едно продолжение на долготрајниот и крвав судир меѓу двата балкански наркоклана, чијите пресметки одамна ги надминаа границите на регионот и се преселија во Јужна Америка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy