Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН – основа компанија во Северна Македонија
Економија

ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН – основа компанија во Северна Македонија

18/10/2024

AA

По неколку успешни аквизиции во
Албанија и Црна Гора, 4iG Group започна со подготовки за влез на пазарот во
Северна Македонија, со основање на подружница „ONE
MacedoniaTelecommunications“. Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот
петок, новата компанија ќе биде основана од AntennaHungáriaZrt., дел од 4iG Group,
под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во
Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со
формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на
телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија.

Основањето на
OneMacedoniaTelecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане
значаен нов играч во Северна Македонија. Покрај професионалните соработки,
деловните и оперативните синергии стекнати од претходните искуства во регионот,
Групацијата 4iG ја има поддршката од македонската влада којашто очекува со
доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри
квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата
на земјата.

Со завршувањето на процесот на регистрација на
компанијата, за иден извршен директор на OneMacedoniaTelecommunications е назначен
Тамаш Табори кој е заменик извршен директор одговорен за телекомуникациската
стратегија во Унгарската матична компанија на групацијата, 4iG Nyrt. 4iG Group
започна  консултации со Агенцијата за
електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело во Северна Македонија и
избра локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација
на стратегијата на групацијата во земјата. Заедно со сопствените експерти од
индустријата на 4iG Групацијата, водечка улога во целиот процес ќе ја има „AnalysysMason“,една
од најголемите глобални технолошки, медиумски и телекомуникациски консултантски
компании.

„Посветени сме да влеземе на
македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги
донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ONE
MacedoniaTelecommunications е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен
телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, рече Тамаш Табори, извршен
директор на ONE MacedoniaTelecommunications и заменик извршен директор
одговорен за телекомуникациска стратегија во 4iG Nyrt.

Деловниот опсег на OneMacedoniaTelecommunicationsопфаќа
мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и
мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Како членка на Алијансата O-RAN, Групацијата 4iG е
посветена на користење технологија од веродостојни и сигурни извори како дел од
иницијативата „Чиста мрежа“, што е услов поставен од македонската влада за нов
учесник на пазарот. Иницирана е и регистрацијата на веб-страниците на новиот
давател на услуги, така што компанијата ќе биде достапна и преку домените
onemacedonia.mk и onetelekom.mk.

За 4iG : 4iG Nyrt., со седиште во
Будимпешта и во мнозинска сопственост на унгарски акционери, е една од
водечките телекомуникациски и инфо-комуникациски корпорации во Унгарија и
регионот на Западен Балкан и клучен играч во дигиталната економија базирана на
знаење. Котирањето на берзата во Будимпешта, свежиот и иновативен пристап на
компанијата, во комбинација со нејзината позиција како водечки унгарски
телекомуникациски и ИТ систем интегратор, ја прави водечки провајдер на услуги
во дигиталната трансформација во регионот. Како сопственик на ОНЕ Црна Гора и
ОНЕ Албанија, групацијата 4iG е лидер на пазарот во телекомуникациските и
инфо-комуникациските услуги во Западен Балкан, опслужувајќи скоро 2.2 милиони
резиденцијални и 400.000 деловни корисници во двете земји.

Групацијата 4iG остварува значајна вредност преку
нејзината посветеност на прекуграничните глобални технологии додека се
придржува до локалните потреби и регулативи. Групацијата континуирано ги
проширува своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите
барања на телекомуникацискиот и ИТ пазарите. Како членка на O-RAN Alliance,
групацијата е посветена на градење мрежи користејќи технологија од веродостојни
и сигурни извори во рамките на иницијативата „Чиста мрежа“. Групата вработува
повеќе од 8.000 луѓе. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА

18/10/2026
Politics

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3

18/10/2026
Македонија

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за

18/10/2026
Македонија

СДСМ Е ДЕКЛАСИРАН ОД ГРАЃАНИТЕ, ПОДДРШКАТА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И ЗА

18/10/2026
Македонија

НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ ВО БРВЕНИЦА ОСВОИ РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ Маричиќ ги

18/10/2026
Македонија

ПРЕД НАС СЕ ПРИЈАТНИ ЕСЕНСКИ ДЕНОВИ Сончево време, со мала

18/10/2026
Македонија

Официјални резултати на ДИК: Колкава е разликата меѓу кандидатите во

18/10/2026
Македонија

ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ВО БРВЕНИЦА

18/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46244
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА ВАСКО ЈОЛЕСКИ, КОЈ НАД 6 ГОДИНИ ЖИВЕЕШЕ СО МЕХАНИЧКА ПУМПА НАМЕСТО СРЦЕ Претседателот на

18/10/2026

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро срце“, кој повеќе од 6 години живееше со механичка пумпа

Брвеница: Разликата меѓу македонските и албанските гласови е само 3 гласа – кој би победил?

18/10/2026

БРВЕНИЦА – Резултатите од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница отвораат интересно прашање: како би изгледал резултатот доколку гласовите

БЕЗ ПРОБЛЕМИ ПОМИНАА ВОНРЕДНИТЕ ИЗБОРИ ВО БРВЕНИЦА Полицијата информира за гласање во најдобар ред

18/10/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница денеска заврши во најдобар ред, без нарушување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy