Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ!  Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?
Економија

ГРУПА МАЛИ АКЦИОНЕРИ ПРИЈАВИ МАНИПУЛАЦИЈА ДО КХВ! Дали раководството на „Македонијатурист“ ја зборувало вистината кога објави дека не поседува ценовно-чувствителни информации?

23/12/2024

AA

Нов момент е писмото што група мали акционери на „Македонијатурист“ го испрати до КХВ. Во него тие тврдат дека на 2 октомври се сретнале со Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор, а во тоа време најголем акционер во таа компанија. Преговарале за цената и начинот на продажба на нивните акции. Состанокот се одржал пет дена пред „Македонијатурист“ да објави на берзата дека не поседува ценовно-чувствителна информација. Да биде иронијата поголема дури и средбата на која преговарале била во „Македонијатурист“ поточно во хотелот „Холидеј Ин“

Група мали акционери во „Македонијатурист“ писмено ја информирале Комисијата за хартии од вредност (КХВ), надлежно државно тело што го регулира пазарот за хартии од вредност, дека Доне Таневски, претседател на Надзорниот одбор, ги изманипулирал при продажбата на нивните акции во најголемата хотелиерска компанија во Македонија, дознава „Фактор“.

Акционерите меѓу кои има вработени и пензионери бараат од КХВ да го испита случајот во кој го обвинуваат Доне Таневски дека нив ги убедувал акциите да ги продадат по цена од 9.500 денари за акција, а неговите акции ги продал по цена повисока за 4.000 денари. Детали од писмото нема да објавиме во интерес на постапката што ја води регулаторот КХВ.

Доне Таневски, беше најголем акционер во „Македонијатурист“ и во два наврати (во ноември и во декември) продаде поголем дел од своите акции. И во двата наврати продажбите во блок трансакции беа по повисоки цени во споредба со цените по кои продаваа другите акционери во најголемата хотелиерска компанија. Всушност цените по кои Доне Таневски ги продаде акциите беа рекордните ценовни нивоа постигнати со таа акција во подолг период.

Акционерите кои го пратиле писмото во КХВ пред десетина дена, тврдат дека на 2 октомври годинава повеќе од дваесет мали акционери имале средба со Доне Таневски и со други заинтересирани лица за купување на акциите. Средбата се одржала во „Македонијатурист“ поточно во хотелот „Холидеј Ин“. На средбата дискутирале за продажба на нивните акции, за цената на акциите и за начинот на кој ќе ги реализираат трансакциите.

Со ова тврдење на вработените се отвара прашање за отворање постапка во која ќе се утврди дали надлежните од „Македонијатурист“ односно нејзиниот управен одбор ја излажале јавноста, Македонската берза за хартии од вредност и КХВ кога на 7 октомври годинава објавија дека немаат ценовно-чувствителна информација?

Вработените што го пратиле писмото до КХВ го потврдуваат спротивното односно во писмото декларираат дека средбата за продажба на акции се случила пред „Македонијатурист“ да прати информација до берзата.

Македонска берза постапила правилно и навремено согласно своите законски обврски и овластувања и на 4 октомври пратила допис до „Македонијатурист“ со архивски број 08-960/1 со кој бара менаџментот на компанијата да се изјасни дали поседува ценовно чувствителни информации. „Македонијатурист“ одговорила дена не поседува ценовно-чувствителни информации иако писмото што акционерите го доставиле до КХВ го тврди спротивното.

„Фактор“ веќе објави текст, кон крајот на ноември, во кој ја отвори дилемата дали се измамени мали акционери во „Македонијатурист“? И тогаш како и сега доставивме прашања до Доне Таневски и неговата ќерка Мирјана Таневска – Ефремова. Одговори не добивме иако помина речиси цел месец.

„Фактор“, согласно принципот за барање став од сите заинтересирани страни, а со цел целосно и објективно информирање на јавноста на 18 декември на официјалните мејл адреси на „Македонијатурист“ и на Мирјана Таневска Еферемова, претседателка на Управниот одбор. Побаравме одговори на прашања кои произлегуваат од писмото на групата мали акционери до КХВ. Досега не добивме одговор, но доколку добиеме одговори, ќе ги објавиме во целост.

Што вели КХВ?

КХВ, како и секогаш до сега, со репутација на транспарентен регулатор, достави одговор до „Фактор“ кој го објавуваме интегрално и во целост:

-Комисијата за хартии од вредност во врска со случувањата поврзани со Македонијатурист АД Скопје  останува на ставот  дека  во рамки на контролните активности кои ги извршува Комисијата, а се уште се во тек, се опфатени сите вклучени страни и тоа од повеќе аспекти согласно  законските надлежности и овластувања  на Комисијата  и  дека во интерес на постапката  во оваа фаза  Комисијата  не може ниту да споделува било какви информации, ниту да се впушта во одговарање на поединечни прашања.“

„Фактор“ по завршувањето на постапката ќе го објави наодот на КХВ, а тогаш ќе го објави и писмото од групата мали акционери.

Никола Стојанов

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата

24/09/2026
Македонија

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ

24/09/2026
Македонија

ПОСТЕПЕНАТА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА? Во разговорите

24/09/2026
Македонија

ЕСЕНТА ПОЧНА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Во Берово измерени -2 степени,

24/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45765
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

ПО 3 ГОДИНИ БЕГСТВОТО, ЧИФЛИГАРОСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЗЕМЈАВА Полицијата потврди дека е уапсен на

24/09/2026

Бизнисменот Стојан Чифлигароски, кој е осомничен во предметот „Синџир“, по три години поминати во бегство се вратил во државата. Тој

ИМ ДАДЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ МИЛИОНСКИ ГРАНТ НА ЗАЕВИ, ИМА ЛИ СТАН ВО ДАЈМОНД МОЛ? Ексминистерот

24/09/2026

Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделие, поднесува тужби и бара судска заштита, но истовремено не се појавува на закажани рочишта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy