
Група Албанци истепала српски студенти во Венеција
Албанци нападнале српски студенти на екскурзија во Венеција во Италија.
Веста за РТС ја потврдија од Министерството за образование. Група Албанци ги нападнале студентите на Стоматолошката школа во Белград, додека студентите слушале музика на плажата пред хотелот во Лидо ди Језоло.
Студентите биле на плажата пред хотелот кога им пришол маж од албанска националност. Наводно нападнал момче, а потоа ги повикал пријателите кои му се придружиле.
Група Албанци најпрвин фрлале стаклени шишиња кон учениците, а потоа почнале да ги бркаат.
Од училиштето потврдија дека нападот се случил и дека еден ученик е повреден.
Учениците кои случајно се нашле таму по инцидентот се однесени во хотелот, а денеска продолжиле со програмата за екскурзија. Утре тие според планот се враќаат дома.
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА