Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Самопрогласените активисти шират невистини – се борат за хонорари, а не за интересите на граѓаните
Македонија

Грозданов: Самопрогласените активисти шират невистини – се борат за хонорари, а не за интересите на граѓаните

28/07/2025

AA

Бакарот во Македонија го има во сериозни количини и државата од него може да има големи финансиски придобивки, оценува металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов, во колумната насловена „Науката наспроти еко-лагите: Време е за сериозен пристап кон рударството“. Во неа тој се осврна на тезите пласирани во јавноста од страна на дел од лицата кои тој ги нарекува лажни еко-активисти, а кои се противат на отворањето на рудници, меѓу кои и за оној за бакар во Иловица.

-Кога велам дека Бакарот-Cu, инаку Кипар се вика токму поради бакарната жица, е прогласен за критичен метал и ние како држава го имаме во сериозни количини. Овие количини на Македонија можат да и донесат многу финансиски придобивки, пред се во образовниот систем, но и во иднината на оние кои ќе се образоваат пред се во геологијата, рударството, металургијата, медицината и она најважното во земјоделието. Рударството уште од „Бронзеното време“ знае дека мора да го развива земјоделието за да може да ги храни своите граѓани, пишува Грозданов.

Според него, во јавноста се споделуваат невистини и го искоментира гостувањето на активистот и општински советник Костадин Ристоманов во радиска емисија.

-Вели вака: Рудникот Иловица-Штука ќе плаќа само четири проценти (4%) надоместок кон држвата и тоа не надминува повеќе од неколку десетици милиони евра во наредните дваесет (20) години, а во исто време од земјоделието заработуваме  сто (100) милиони евра добивка. Прво г-динот живее во Струмица и тој нема никаква допирна точка со рудникот. Рудникот се наоѓа на територија на Општините Босилово и Ново Село. Надоместокот од четири (4%) проценти е за овие општини и тие годишно ќе делат 11 милиони евра согласно цената на бакарниот концентрат со тенеденција на зголемување на надоместокот во иднина на посериозна сума согласно предвидувањата на стратегијата на Европската Унија која го прогласи бакарот за критичен метал, пишува Грозданов.

Тој додава дека не се кажува ниту сметководствената вистина, односно останатите финансиски придобивки кои доаѓаат од персоналниот данок, данокот на добивка, платите и социјалното, здравственото и пензиското осигурување кои, како што додава Грозданов, ќе ја стабилизираат загубата во пензискиот фонд, а во исто време ќе ја зголемат просечната плата.

-Овој рудник ќе го намали дефицитот за четиринаесет (14%) проценти. Моментално четиристотини (400) милиони евра. Четврто, во мојот домен влезе. Ќе течела киселина во наредните петстотини (500) години од рудникот низ стручката котлина. Да му објаснувам дека постои литература Теорија на Металуршки процеси и дека постои глава Јаловишта и Троски и нивните хемиски својства, нивна електро спроводливост, густина и моларен волумен, вискозитет итн. И тоа што тој го тврди, едноставно е невистина, научно потврдено, заклучува Грозданов.

Металуршкиот инженер Грозданов смета дека лицата кои се претставуваат за активисти, а споделувааат невистинити тези единствено се водат од интересот за хонорари, а не и за интересите на граѓаните на струмичкиот регион и на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy