Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Рударството – пропуштена шанса или двигател на македонската економија?
Македонија

Грозданов: Рударството – пропуштена шанса или двигател на македонската економија?

12/02/2025

AA

Рудните богатства што ги поседува Македонија можат да бидат клучен фактор за економскиот развој на државата. Но, наместо да се искористат паметно и стратешки, ние се соочуваме со регулаторни бариери, политички интереси и дезинформации кои ја кочат рударската индустрија.

Во моментов, светската цена на златото е на историски рекорди, а Македонија поседува ресурси кои би можеле да донесат милионски приходи, пишува во својата последна колумна аналитичарот и рударски инженер, Виктор Грозданов.

„Цената на златото вртоглаво расте. Во моментов, една унца (29,8 грама) достигна цена од 2.900 евра, а се очекува да ја помине границата од 3.000 евра по унца. Тоа значи 100 евра за грам. Оваа информација е клучна во контекст на нашето рудно богатство. Она што јас, но и сите кои следат случувањата на пазарот на минерални суровивини,  забележуваме интересен тренд: најголемата побарувачка за злато во моментов доаѓа од САД. Само во декември, од Швајцарија во Америка биле префрлени 64 тони злато. На прв поглед, ова изгледа нелогично, но е поврзано со стравот од протекционистички мерки и одлуки кои го прават златото безбедно засолниште за инвеститорите. Каде е Македонија во оваа слика? Клучното прашање е: зошто Македонија не ги искористува своите рудни потенцијали во полза на својата економија“, пишува Грозданов во колумната „Сите лаги за рудниците (3): Златото, рудниците и вистината која ни ја кријат“.

Тој наведува дека Науката и технологијата овозможуваат екстракција на минерали на еколошки начин, со нови, безбедни методи како тиосулфатната постапка и смета дека  наместо слепо да се отфрла рударството поради митови и стравови, неопходно е транспарентно да се дискутираат сите можности.

„Што треба да направи Македонија? Македонија мора да се фокусира на паметно искористување на своите ресурси, без да дозволи манипулации од страна на политички и економски интереси, како онаа група лажни еко активисти, кои работат против националниот развој. Потребни се научни анализи и транспарентна дискусија за реалните можности за развој на рударската индустрија.За крај, Македонија има огромен потенцијал во рударството, кое може да биде двигател на економскиот развој и подобрување на инфраструктурата“, вели Грозданов во својата колумна.

Според Грозданов, ако сакаме Македонија да има економски суверенитет, мора да ги искористиме ресурсите што ги имаме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41536
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

16/02/2026

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп,

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре во 11 часот ќе ја блокира Владата со 21 синдикален претставник.

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност, вели

16/02/2026

Како делегација составена од повеќе партии, во моментов сме на посета во седиштето на НАТО, во Брисел, каде што оддаваме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy