Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Лажните еко-активисти треба да се тужат за ширење заблуди и ставање на државата во економски подредена положба
Македонија

Грозданов: Лажните еко-активисти треба да се тужат за ширење заблуди и ставање на државата во економски подредена положба

03/05/2024

AA

Металуршкиот инженер и аналитичар Виктор Грозданов, во последната колумна насловена „Патолошки еколошки „лажови“, пишува дека нема одговорен и разумен политичар во Македонија кој не знае дека како држава ќе бидеме принудени да платиме 450 милиони евра за Казандол, а отштетата е можно да достигне и до 700 милиони евра. Според него, истовремено нема одговорен и разумен политичар кој претендира да одлучува за иднината на државата, а кој не ја евидентира пораката и од концесионерот на рудникот Иловица за меѓународна арбитража.

-Акционерски сопственици со 350 милијарди евра приход за 2023 година, чиј главен акционер е „Трафигура“, најавуваат дека покренуваат инструменти за меѓународна арбитража и дека нивното трпение е со рок до 31 декември 2024, во спротивно не чека истата правна постапка како за рудникот Казандол. Цифрата која меѓу редови ја спомена австрискиот адвокат со седа коса (што имплицира децениско меѓународно правно искуство) на пресот на концесионерот на рудникот Иловица, изнесува милијарди евра тешка отштета. Да, да, добро читате, милијарди (во множина) евра, истакнува Грозданов.

Тој додава дека во јавноста веднаш се појавил, како што вели, идеолошкиот гуру на лажните еко активисти со бајати приказни на социјалните мрежи дека се работи за лажна закана и дека нема правен основ за арбитража.

-Но, веројатно нервозен, потсвесно му се лизна и воскликна со идејата да му исплатиме на концесионерот толку колку што потрошил до сега за да ја реализира инвестицијата и да си замине од Македонија за навек. Прво, ако навистина нема правен основ за арбитража зошто воопшто би му плаќале на концесионерот било што од државниот буџет? Проценките на концесионерот се дека до сега имаат потрошено 60 милиони евра. Видете, во Македонија од независноста до денес сме виделе разни шарлатани во различни пакувања, ама некој со ваква леснотија да се расфрла со народни пари, а притоа да се декларира себеси за заштитник на народните интереси е рамно на економски атентат. Затоа, целосно го поддржувам ставот на локалната граѓанска иницијатива „И здравје и работа“, дека ако Македонија заврши на меѓународна арбитража со астрономски отштети за концесијата за Иловица, тогаш овие лажни еко активисти треба да добијат кривични пријави за носење на татковината во економски подредена положба со тешки последици по даночните обврзници, потенцира Грозданов.

Според аналитичарот, жителите на струмичката котлина ќе треба да поднесат и граѓански тужби за отштета за ставање во заблуда со ширење тешки небулози за закани по здравјето и животната средина.

-Особено што тезата да им платиме 60 милиони евра на „Трафигура“ за да си замине од Македонија навистина многу потсетува на понудата на руските газди на „југословенскиот“ рудник за бакар лоциран на 30 километри од Иловица, од 2019, која била понуда за преземање на експлоатацијата на бакарот и во новиот рудник Иловица, со гаранција дека населението кое протестира ќе биде веднаш смирено, се разбира ако понудата се прифатела. Значи, лажните еко активисти се патолошки лажови бидејќи нивната наводна грижа за здравјето и животната средина е обланда за нивните вистински цели. Тие одработуваат да се задржи монополот на единствениот рудник за бакар во Македонија, за да продолжат лично да профитираат од нивните налогодавачи. Тие симптоматично никогаш не протестираат пред „југословенскиот“ рудник за бакар, бидејќи очигледно некој ги „убедил“ да веруваат дека само тие ја имаат модерната и еколошка формула за безбедна експлоатација на дел од природните богатства во Македонија. Затоа, воопшто не е случајно што на нивната јавна трибина, организирана среде кампања во Струмица, со медиумска поддршка на една ТВ станица која емитува програма низ цела држава, каде повторно истите глумци беседеа колку рудникот е штетен, но имаше незначително присуство на жители од Струмичката котлина. Ова е индикатор дека се прочитани нивните намери и дека луѓето не наседнуваат повеќе на нивните трикови, истакнува Грозданов.

Аналитичарот заклучува дека жителите бараат соочување на аргументите и да чујат од концесионерите како планираат да го изградат рудникот и со кои технологии ќе го експлоатираат бакарот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
Македонија

НА КОСТАДИНОВ МУ СТЕГНАА ПЕТТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА Го гонат за

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре може да ги продаде и

16/10/2026

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер

16/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите на општината да гласаат за

16/10/2026

Локалните избори во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДСМ, полна со навреди и со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy