Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРОМ обвинува: Четири години советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласале „против“ напредокот на општината
Македонија

ГРОМ обвинува: Четири години советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласале „против“ напредокот на општината

29/09/2025

AA

Партијата ГРОМ соопшти дека изградбата на катни гаражи во општина Карпош била спречена поради тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години гласале против секоја одлука поврзана со овој проект.

„Катните гаражи не паѓаат од небо – тие се носат со одлука на Советот. А советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против“, стои во соопштението.

Од ГРОМ тврдат дека со ваквото однесување биле блокирани и други клучни проекти, меѓу кои и решенија за паркирањето во Лептокрија, Карпош 1 и Млечен.

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против доделување средства на ‘Лајка’ за заловување на бездомните кучиња, против исплата на плати на наставниците и негувателките, против вработување на квалитетни правници во општината, па дури и против предлогот граѓаните кои живеат околу Сити мол да можат да ги паркираат возилата внатре во молот. Своите куќи ги легализираа, а беа против останатите граѓани да го остварат своето право“, наведуваат од партијата.

ГРОМ порача дека, наместо блокади и „инает политика“, граѓаните на Карпош очекуваат решенија и реализација на проекти. „Катните гаражи ќе ги има – но само ако граѓаните изберат одговорност наместо инает, работа наместо блокади и визија наместо празни обвинувања“, се вели во соопштението.

Партијата додава дека на локалните избори на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност „да се ослободат од политиката на инает и блокади“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy