Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска: Се работи на законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, ЕУ или ООН да бидат носители на функции
Македонија

Грковска: Се работи на законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, ЕУ или ООН да бидат носители на функции

23/11/2023

AA

Во вечерашното гостување на телевизија Сител, заменичката на претседаталот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, најави дека покренала иницијатива во Владата да се пристапи кон законски измени кои ќе оневозможат лицата кои се на листата на санкции на САД, на ЕУ и на Обединетите Нации да бидат на каква било позиција или да се вработат во администрацијата.

Дополнително, додаде таа, неопходни се измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, којшто во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине, затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции  ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во којшто граѓаните можат да имаат доверба.

Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, Кабинетот за политики за добро владеење подготви Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.

„Корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно, дали за функционер, дали за обичен граѓанин и кога ќе се види дека има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле, па дури и етички и морални норми“, истакна вицепремиерката Грковска во дневникот на Сител.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
Македонија

20 пожари денеска низ Македонија, активни 4 пожари

02/09/2026
Македонија

Скопските пожарникари го запреа огнот кај Грачани, активни уште неколку

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и токсичниот сунѓер во кочанската дискотека

02/09/2026

Во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште, одбраната вкрстено

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче

02/09/2026

Општина Прилеп за првпат обезбедува еднократна парична помош од 3.000 денари за сите ученици запишани во прво одделение во основните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy