Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАДЕЖНАТА „БАУЕР БГ“ УБАВО СЕ „ОМРСИ“ ТОЧНО ПРЕД НОВА ГОДИНА – еве за што првично доби 2,3 милиони евра од владината СОЗР
Економија

ГРАДЕЖНАТА „БАУЕР БГ“ УБАВО СЕ „ОМРСИ“ ТОЧНО ПРЕД НОВА ГОДИНА – еве за што првично доби 2,3 милиони евра од владината СОЗР

03/01/2024

AA

Градежната компанија „Бауер БГ“
предновогодишно си инкасираше солидни два милиони евра државни пари, или
попрецизно кажано од владината Служба за општи и заеднички работи.

Како што покажува платформата Отворени
финансии, Бауер БГ точно на 29 декември лани добиле одлична исплата од
СОЗР на сума од близу 126 милиони денари, што е рамно на 2,05 милиони евра.

Претходно Службата за општи и заеднички
работи и исплатила на оваа градежна фирма многу помал износ, односно 255 илјади
евра, или тоа значи дека заеднички во декември Бауер БГ инкасирале 2,3 милиони
евра од СОЗР.

Во претходните месеци, пак, платформата
Отворени финансии нема регистрирано трансфери на пари од Службата за општи и
заеднички работи до компанијата Бауер БГ.

Како што објави Фактор на крајот на април во изминатава 2023 година, Владината служба за општи и заеднички работи склучи договор со Бауер БГ, тежок 5,7 милиони евра, односно близу 406 милиони денари, за реконструкција на Палатата АСНОМ, односно поранешната зграда на Комерцијална Банка.

Ова значи дека на компанијата и е исплатена повеќе од една третина од сумата предвидена со тој договор.

Инаку, со догворот беше предвидено дека реконструкцијата треба
да заврши за три години. Како што веќе пишувавме, оваа зграда е во сопственост на
Владата, а пред три години таму изби пожар, и поради тоа неколку државни институции требаше да се преселат во други простории.

„Објектот кој е познат во јавноста како старата зграда на
Комерцијална Банка – Скопје пред реконструкцијата го користеа неколку државни
институции, односно Секретаријатот за европски прашања, МИА, како и Инспекторатот
за животна средина. По завршувањето на реконструкцијата, Владата ќе донесе одлука кои
институции ќе ги користат реконструираните простории на објектот“, ни одговорија
тогаш
од Владата на прашањето
кои институции во иднина ќе го користат овој објект.

Според договорот, Бауер БГ работи на рушење и демонтажа,
монтирање, изолирање, ѕидарски и фасадерски работи, осветлување, електрична
инсталација, лимарија, водовод, вентилација, противпожарна вентилација итн.Инаку,
покрај Бауер БГ, понуди
доставиле и Жикол, АК-ИНВЕСТ и Штрабаг. 

А, Бауер БГ во декември
доби солиден износ и од уште една друга државна институција, а таа е Агенцијата
за храна и ветеринарство. Таа, исто така на 29 декември и исплатила 503 илјади
евра на Бауер БГ. 

Тоа е една од многуте исплати кои оваа државна институција ги
има направено кон градежната компанија, а кои се по основ на договорот склучен во март
2022 година, на сума од осум милиони евра, за изградба на нова административна зграда со лабораториски
простории.

Зградата се гради во Општина Аеродром, а цената на договорот е 515.202.937 денари. Според договорот тогаш, изградбата требало
да заврши за две години, а исплатата да се врши месечно според сработеното, без авансно
плаќање.

Компанијата Бауер БГ во периодот од 2011 година до првата половина
на 2014 година градеше најинтензивно преку јавните набавки, а од сите државни
институции и општини со кои работела инкасирала договори вредни 30,8 милиони
евра. Учествуваше во изградбата на објекти од проектот „Скопје
2014“. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45869
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката пукнала на вториот кат, течело

29/09/2026

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy