Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Граѓаните да ги користат летовите за евакуација од Израел, апелира црногорската амбасадорка Петровиќ
Македонија

Граѓаните да ги користат летовите за евакуација од Израел, апелира црногорската амбасадорка Петровиќ

13/10/2023

AA

Во ситуација на влошена безбедносна состојба апелираме граѓаните да ги користат летовите за евакуација од Израел, затоа што не знаеме кога ќе бидеме во прилика да го организираме следниот лет и со која динамика ќе биде тоа, порача Амбасадорката на Црна Гора во земјава Марија Петровиќ, по пристигнувањето на авионот од Тел Авив со патниците кои се пријавија на повикот за евакуација од Израел.

Петровиќ изрази благодарност до македонската Влада и МНР за, како што рече, исклучителната соработка.

– Во овие тешки моменти нашето пријателство се продлабочува и заедно покажуваме и хуманост и грижа за нашите граѓани. Ова се тешки моменти и сите ние сме секогаш тука за нашите граѓани, изјави Петровиќ.

Организирањето на овие летови, посочи Петровиќ е особено тешко, и како што рече, граѓаните треба да бидат свесни, дека владите преземаат се што е во нивна моќ.

– Постојат и финансиски и безбедносни ризици и нашите граѓани треба да бидат свесни за тоа. Нашите влади прават се што можат. И црногорските и македонските дипломатско-конзуларни претставништва и сите ние даваме се што можеме во овие моменти, изјави Петровиќ.

Прашана за бројот на црногорски граѓани, кои се уште чекаат да бидат евакуирани од Израел, Петровиќ, рече дека се уште не се знае точната бројка.

– Знаете како, луѓето размислуваат од денеска за утре. Се пријавуваат дека ќе дојдат, потоа се откажуваат. Сметаат дека безбедносната состојба е подобрена и тој број не е конечен. Се уште не знаеме. Уште еднаш ќе упатам апел да се користат овие летови кои ги организираме и да се вратат додека ситуацијата не се смири, изјави Петровиќ.

Црна Гора, посочи таа, веќе организираше еден лет за евакуација, на кој беа и државјани на Северна Македонија и од регионот.

– Се надевам дека во следниот период ќе успееме сите наши граѓани да го вратиме безбедно, изјави Петровиќ.

Македонската Влада денеска организираше бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побараа помош и евакуација од Израел, со чартер лет во соработка со „Air Serbia“од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, до аеродромот во Скопје. Како што соопшти вчера Владата трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy