Гостивар со фантастично второ полувреме и вторпат го преслуша МЗТ!
Гостиварци одиграа фантастично второто полувреме, во кои прво со серија 10-3 дојдоа до највисоки дотогаш плус седум (65-58), за во последната четвртина со нов повеќеминутен блесок со 12-2 зголемија на плус 18 (84-66) за крај на сите дилеми околу победникот. Домаќинот вториот дел од играта го доби со неверојатни 48-29, што е резултат за почит без разлика што аеродромци играа без тројца стартери и тоа болните Страхиња Миќовиќ и Бојан Крстевски и повредениот Деандре Кук.
Американецот Лувејн Пипкинс со 25 поени и седум скока и Грузиецот Гиорги Корсантија со 21 поен, 13 скока и дури седум украдени топки беа најдобри кај Гостивар, додека Александар Бурсаќ со 16 поени и девет скока беше најпрецизен кај составот од „Јане Сандански“.
Ова беше прв меч од 13. коло од Првата лига по кој МЗТ Скопје останува прв со скор 11-2, додека гостиварци барем привремено се искачија на второто место со учинок 9-4. Останатите средби се играа до следната среда.