
ГОРИВАТА СО НОВИ ЦЕНИ – РКЕ донесе нова одлука која ќе важи по полноќ
Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука повторно ги намалува цените на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто во однос на претходната одлуката.
– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,142 отсто, кај дизелот за 1,811 проценти, кај екстра лесното масло за 2,208 отсто и кај мазутот има намалување за 3,583 проценти – се посочува во соопштението РКЕ.
Како што посочуваат од РКЕ малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Додека пак малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,052 денари на килограм и сега ќе изнесува 37,078 денари за килограм.
Од 23.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,078 (денари/килограм)