Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМИОТ ЗАГУБАРСКИ БУНАР ОСТАНУВА НЕПОКРИЕН – што да прави некогашниот скопски бисер со ланскиот минус од 460 илјади евра
Економија

ГОЛЕМИОТ ЗАГУБАРСКИ БУНАР ОСТАНУВА НЕПОКРИЕН – што да прави некогашниот скопски бисер со ланскиот минус од 460 илјади евра

04/06/2024

AA

Годината тргна добро, но државното акционерско друштво, сепак, не успеа да ја заврши во зоната на позитивата.

Напротив, некогашната гордост на скопјани, Градскиот
трговски центар, и ланската 2023 година ја заврши со загуба, односно со негативен
финансиски резултат од 458 илјади евра.

Тоа е четврта година по ред како оваа државна компанија
работи со минус, а откако претходните три години ги финишираше со кумулативна
загуба од вкупно 1,9 милиони евра.

На акционерското Собрание, пак, што се одржа во текот на
вчерашниот ден, беше даден предлог, а тој секако е и прифатен, таа загуба,
едноставно да остане непокриена.

„Градски Трговски Центар А.Д. – Скопје има остварено
загуба во 2023 година во износ од 28.180.409
денари (458 илјади евра – н.з.).
Загубата на Друштвото искажана во билансот
на успехот за 2023 година во износ од 28.180.409 денари останува непокриена“, се вели во Одлуката.

Во годишниот извештај на компанијата е наведено дека на
крајот на минатата година вкупниот број на вработени во ГТЦ изнесувал 194 лица,
што е намалување во однос на претходната година, но сепак, како што нагласуваат
оттаму, ова државно АД и натаму има превработеност во одредени сектори, што
директно влијае на трошоците, а со тоа, се разбира, и на финансискиот резултат.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор пред извесен период,
друштвото во
последниот наврат ја намали својата
статутарна резерва за 600.600 евра, со кои ја покри
загубата од работењето од 2022 година.
Остатокот од 46.000
евра (од загубата што во 2022 година изнесуваше 647.000 евра) остана непокриен. Официјални и јавно достапни податоци покажуваат дека статутарните
резерви на компанијата се значајно намалени. Со оглед на тоа дека на крајот на
2022 година, според податоците од извештајот на независната ревизија,
статутарните резерви биле 861.000 евра, на крајот на 2023 година тие останаа само 260.000 евра.

ГТЦ во период од три години (2020, 2021 и 2022 година) постојано
работел со загуба. За трите години загубата на ГТЦ кумулативно изнесува 1,9
милиони евра.

Бројките за првото полугодие од лани, за волја на вистината, беа охрабрувачки, а ГТЦ за шест месеци оствари профит, иако скромен, односно над 89 илјади евра, што само по себе како бројка
не беше воопшто висока, особено за еден таков голем
шопинг центар од калибарот на ГТЦ, но даваше надеж дека овој
објект конечно ќе излезе од зоната на негативата. Тоа, за жал, не се случи.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy