Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМИ ЗГРАДИ, ЗЕМЈИШТЕ, НО И ОПРЕМА ЗА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА СЕ ЗАЛОЖУВААТ КАЈ ДВЕ МОЌНИ БАНКИ – еве која фирма зема револвинг кредит од 13 милиони евра
Економија

ГОЛЕМИ ЗГРАДИ, ЗЕМЈИШТЕ, НО И ОПРЕМА ЗА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА СЕ ЗАЛОЖУВААТ КАЈ ДВЕ МОЌНИ БАНКИ – еве која фирма зема револвинг кредит од 13 милиони евра

05/02/2025

AA

Голема компанија влегува
и во голем износ на задолжување. Таков е примерот со Тутунски комбинат од
Прилеп, кој ќе земе кредит од 13 милиони евра од две моќни македонски банки.
Станува збор за Комерцијална и за НЛБ Банка, кои ќе го кредитираат Тутунски
комбинат од Прилеп со суми од по 6,5 милиони евра, но притоа треба да се напомене дека не станува за класично кредитирање, туку за кредитни рамки кои ќе се користат во период кога компанијата ќе има потреба од средства.

Таква одлука деновиве
донело Собранието на акционери на компанијата, а како што е познато, доминантен
акционер во оваа компанија е токму Владата, која поседува дури 82,66 отсто од капиталот, додека,
пак, 6,78 отсто од обичните акции на ова друштво поседува исто така државна
институција, односно Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Но, во оваа компанија
има и 2.717 акционери кои се домашни физички лица, и кои заедно поседуваат
акционерски капитал од 10,48 отсто, како и 12 акционери странски физички лица,
кои поседуваат вкупно многу мал процент од акциите, односно минорни 0,04 отсто.
 

Така што, Собранието на
акционери, а каде што главниот збор секако го има Владата како најмоќен и
најзначаен акционер, му дава согласност на Тутунски комбинат Прилеп да се
задолжи на сума од 13 милиони евра, па компанијата со Комерцијална банка како
доверител ќе склучи Договор за рамковен револвинг кредит-лимит, врз основа на
заложно право врз подвижен и недвижен имот и обезбедување со меници, на износ
до 6,5 милиони евра. Исто така, со НЛБ Банка компанијата ќе склучи Договор за
рамковен револвинг лимит со меници, на износ од 6,5 милиони евра.

Врз основа на овие, ќе
се склучат и поедиченни договори за залог, а одлучено е и да се даде согласност
друштвото да заснова заложно право врз свој недвижен имот, кој ќе служи како
гаранција за враќање на кредитот.

Прво, ќе се заснива
заложно право на Деловен комплекс кој се наоѓа во Прилеп и тоа во Варош, од
34.487 метри квадратни, и тука влегуваат згради во индустријата и рударството, како
и главно лесна и незагадувачка индустрија, а има само еден дел со тешка и загадувачка индустрија.

Натаму, ќе се стави
заложно право врз друг деловен објект во Прилеп, исто така во Варош, од 2.072
метри квадратни, каде што влегуваат згради во индустријата и рударството.

Потоа, ќе се става
заложно право и врз деловни згради за откуп и складирање на тутун кои се
наоѓаат на повеќе локации и каде што влегува главно лесна и незагадувачка
индустрија, други објекти од лесна и незагадувачка индустрија, потоа згради во
останатото стопанство, Б 4 деловни простории.

Се става залог и врз
земјиште, под и околу објектите, кои исто така се наоѓаат во Прилеп.

Поради обезбедување на
побарувањата, се дава право на Комерцијална и на НЛБ банка, врз основа на
договорите за рамковни ревовинг кредити, Друштвото да заснова заложно право и
врз подвижен имот, и тоа, опрема за фотоволтаична електроцентрала со
инсталирана моќност од 994,56 kwp, составена од разводни ормари, соларни кабли, конектори,
енергетски кабли, потоа монокристален фотонапонски модул, како и инвертер.

Со оглед штоп рамковните
кредити од 13 милиони евра се 80 отсто од книговодствената вредност на
компанијата, за неа согласност требаше да даде Собранието на акционери.

На оваа зделка е
потпишан генералниот извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп, Александар
Алексовски.

Тутунски комбинат, иакмо е акционерско друштво во државна сопственост, но работи во партнерство со Филип Морис и во последните две години тоа му носи позитивни резултати.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови

02/09/2026
Македонија

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со

02/09/2026
Македонија

Судење за „Пулс“: Вештаците со детали за пропустите, заштитата и

02/09/2026
Македонија

Општина Прилеп со финансиска поддршка од 3.000 денари за секое

02/09/2026
Македонија

Големо невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава

02/09/2026
Македонија

Почина професорот и дипломат Јован Донев

02/09/2026
Македонија

Јаневска: Наставниците во март ќе добијат покачување на платите

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45412
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Старлинк“ најави брз сателитски интернет директно на мобилните телефони и во Македонија

02/09/2026

Компанијата „Старлинк“ најави проширување на својата мобилна услуга во Европа во соработка со телекомуникациската групација „4иГ Груп“, а во плановите

Невреме со пороен дожд, грмежи и град погоди повеќе делови од Македонија

02/09/2026

Бран од нестабилно време зафати поголем дел од земјата, донесувајќи слаби до умерени, а наместа и интензивни поројни врнежи од

Семејна драма во Велес: Татко и син уапсени откако со сила пресретнале и претепале 22-годишник

02/09/2026

Велешката полиција вчера ги лишила од слобода 50-годишниот Н.С. и неговиот 20-годишен син М.С. по пријава за физички напад и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy