Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ „КРЧКА“ ВО „МАКСТИЛ“ – ќе се купува значајна опрема за девет милиони евра, еве што ќе набави компанијата
Економија

ГОЛЕМА ЗДЕЛКА СЕ „КРЧКА“ ВО „МАКСТИЛ“ – ќе се купува значајна опрема за девет милиони евра, еве што ќе набави компанијата

13/06/2023

AA

Челичниот гигант во земјава „Макстил“ ќе инвестира големи пари, а за тоа ги
извести и инвеститорите преку Македонската берза.

Оваа наша компанија ќе вложи дури девет милиони евра во набавка на нова
многу значајна машина, а тоа е Странична ножица за лим.

Станува збор за голема зделка, за која ќе се гласа на претстојното Собрание
на акционери кое ќе се одржи на 10 јули оваа година, но со оглед на фактот што
Макстил има единствен доминантен сопственик, е прилично извесно дека одлуката
ќе биде донесена.

А, за да ја набави оваа значајна опрема, компанијата ќе се задолжи со
банкарски кредит, односно ќе ја зголеми својата кредитна рамка која ја има кај
една од македонските банки.

Притоа, како што појаснуваат и од компанијата во нивната предлог одлука, од
овие 9 милиони евра, всушност 6,5 ќе биде самата машина која е предмет на
набавката, додека, пак, 2,5 милиони евра ќе бидат искористени за сите додатни
трошоци, како што се монтажа, сервис, и други работи кои ќе потребни за да се
оспособи и за да профункционира самата инвестиција.

„Се
одобрува голема зделка – Проект за инвестиција за Странична ножица за лим, со предложен буџет за негово реализирање во
вкупен износ од најмногу 9.000.000 ЕУР (деветмилиони
евра) од кои за набавка на опремата – предмет на инвестицијата е наменет износ
од најмногу 6.500.000 ЕУР (шест милиони и петстотини илјади евра), а за сите
останати дополнителни трошоци кои што се однесуваат на монтажни, сервисни и
други работи е наменет износ од најмногу 2.500.000,00 ЕУР (два милиони и
петстотини илјади евра)“, се вели во
предлог одлуката која компанијата ќе ја стави на гласање на Собранието на
акционери кое ќе се одржи кон крајот на јули оваа година.

Откако и Собранието на акционери ќе даде благослов на оваа одлука, натаму
работата ќе ја преземат директорите на „Макстил“, кои ќе бидат задолжени за
реализацијата.

„Се
овластуваат лицата: Димитар Цветковски, Претседател на Одборот на директори, Марија
Дуковска-Павловска, Генерален директор и Петар Јанески, Извршен директор, да ги
преземат сите дејствија за реализација на Проектот за инвестиција за Странична
ножица за лим, како
и да ги потпишат сите договори и целата потребна документација“, се вели во предлог одлуката.

Инаку, како што наведуваат од компанијата, се утврдува дека
наведената зделка изнесува повеќе од 15 отсто од книговодствената вредност на имотот
на друштвото, па од тие причини,
согласно Статутот, треба да даде одобрување и Собранието на акционери.

Инаку, на седница која ќе се одржи на 10 јули годинава, Собранието на
акционери треба да изгласа и Анекс кон договорот на кредитна рамка што веќе ја
има компанијата, што практично ќе значи и дополнително задолжување, како и заложување
на недвижен и подвижен имот на компанијата. Или практично, од 29,5 милиони евра колку што сега изнесувала сумата на
кредитната рамка, сега таа се зголемува на 34,5 милиони евра. Ќе се продолжи и
рокот на траење на таа кредитна рамка, и тоа до крајот на 2035 година.

А, ќе бидат заложени земјиште во Гази Баба, како и Валавница
со производна хала, мазутна станица, управна зграда и пумпна станица, потоа, Челичана со производна хала, стрипер хала и управна
зграда, потоа процесна
опрема во погонот Челичана, Подвижни предмети – опрема за топло валање на
лимови во погон Валавница, како и
друга опрема, со значајна вкупна вредност.

Инаку, Макстил АД Скопје е компанија која е
ориентирана кон челичната индустрија. Врши обработка на челик користејќи ги
капацитетите на електропечки за производство на течен челик, леење на челик,
топловалани лимови, производство на сурово железо, челик и феролегури,
рециклажа на метални отпадоци, трговија на големо со метали и метални руди,
трговија на големо со репродукционен материјал, трговија на големо со отпадоци
и остатоци.

Инаку, сопственик на „Макстил“ е компанијата Дуферко, која поседува 82,6 проценти од акционерскиот капитал на ова акционерско друштво.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy