Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОДИНАВА НИТУ ЕВРО ОД БУЏЕТОТ: Наместо 250 милиони евра, ништо за автопатите на „Бехтел и Енка“
Економија

ГОДИНАВА НИТУ ЕВРО ОД БУЏЕТОТ: Наместо 250 милиони евра, ништо за автопатите на „Бехтел и Енка“

26/09/2024

AA

Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор не добил ниту евро од државниот буџет годинава за изведувачот „Бехтел и Енка“ за изградбата на новите автопатски делници од Коридор 8 и Коридор 10Д. Тоа може да се види од последниот отчет на американско-турскиот конзорциум за сработеното во месец јули, а кој што е објавен пред два дена.

Според посебната годишна програма за овој проект, за операторот кој ги гради автопатите Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола, требаше тековно да се исплаќаат 250 милиони евра во 2024, но иако е октомври на прагот, нема трансакција на ниту едно евро за оваа намена за „Државни патишта“. Во отчетот се објавени само старите лански трансакции.

Министерството за транспорт и врски во последните два работни дена од минатата година му исплати 43 милиони евра на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за четирите автопатски делници од договорот со „Бехтел и Енка“ и тоа беа последните трансакции. Со тоа се заокружи предвидената финансиска програма во првата година од договорот за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д. Се на се, во текот на минатата година вкупно беа исплатени околу 240 милиони евра.

„Во периодот јули 2024 година, Изведувачот продолжил да врши работи главно за експропријација, геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации и мобилизациски работи, како и градежните активности главно за земјени работи и конструкции“, гласи заклучокот во месечниот отчет на конзорциумот.

Во извештајот може да се види дека се работело на изградба на камп за работници и дека се врши ископ на градежен материјал, се чекаат и документи за урбани проекти од општините Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Се споменува дека во тек е и геодетското координирање и мапирање, што според изведувачот е при крај, а поголемиот дел од работата на испитувањето на почвата бил завршен. Се осмислувал и дизајнот на придружните елементи како мостови, вијадукти, надвозници и потпорни ѕидови. Се вршело и отстранување на старата инфраструктура и се барале неексплодирани средства од минатите војни. Според отчетот, се внимавало и на животната средина. На крајот на јули биле ангажирани 1.389 работници. Дренажата, рамнењето и асфалтирањето не е започнато на ниту една од делниците.

Инаку Министерство за транспорт и врски како капитален расход на изведувачот преку ЈП „Државни патишта“ треба да му исплати износ од 15.100.000.000 денари во текот на 2024, пишува во официјалната програмаа, а во актот се вели дека средствата се проектирани согласно договорот со „Бехтел и Енка“ постигнат во март минатата година. Динамиката на исплатата треба да ја одредува надзорниот консултант.

Во програмата стои дека парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно се однесува на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на подршка на градежни активности вклучувајќи асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; – за изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, за проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; – за градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго“

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА Трамп менува 30 амбасадори вклучително

22/12/2025
Македонија

„Чистка“ во Стејт Департментот: Трамп повлекува 30 кариерни амбасадори –

22/12/2025
Македонија

Празен трон во Обвинителството: Денес се бира наследникот на Коцевски

22/12/2025
Македонија

Маглата се повлече од скопскиот аеродром, видливоста скокна на 3

22/12/2025
Македонија

ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ЗА КАТОЛИЧКИ БОЖИК

22/12/2025
Македонија

МАГЛА НА ПАТНИТЕ ПРАВЦИ ТЕТОВО – ГОСТИВАР И КУМАНОВО –

22/12/2025
Македонија

НАМЕСТЕН ТЕНДЕР ОД 8 МИЛИОНИ ЕВРА, ИСПРАНИ 2 МИЛИОНА ЕВРА

21/12/2025
Македонија

Магија во длабочините на Охридското Езеро: Елка под вода за

21/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА Трамп менува 30 амбасадори вклучително и во земјава

22/12/2025

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, менува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и други позиции во амбасадите. Ова

„Чистка“ во Стејт Департментот: Трамп повлекува 30 кариерни амбасадори – на списокот за враќање дома

22/12/2025

Администрацијата на Трамп повлекува речиси 30 кариерни дипломати од амбасадорски и други високи позиции во амбасадите ширум светот. Според извори

Празен трон во Обвинителството: Денес се бира наследникот на Коцевски

22/12/2025

Додека државниот врв и правната јавност сè уште ги дебатираат мотивите зад ненадејната оставка на Љупчо Коцевски, очите денеска се

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy