Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЦЕ ГОЛОМЕИЌ ОД РАГУЗА ГРУП: „ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ФАКТОРИ ВО ВОДЕЊЕ БИЗНИС Е ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РАБОТНА СИЛА“
Економија

ГОЦЕ ГОЛОМЕИЌ ОД РАГУЗА ГРУП: „ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ ФАКТОРИ ВО ВОДЕЊЕ БИЗНИС Е ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РАБОТНА СИЛА“

09/05/2023

AA

Од своите скромни почетоци до денес, како реномирана групација на угостителски објекти, РАГУЗА ГРУП слави 30 години постоење. Во текот на изминатите три децении, групацијата континуирано еволуираше и  се соочуваше со предизвици, носејќи нови и возбудливи искуства за своите клиенти. Со Гоце Голомеиќ, еден од сопствениците на РАГУЗА ГРУП, зборуваме за  непоколеблива посветеност во бизнисот, времепловот на РАГУЗА ГРУП,влијание врз заедницата и визијата за иднината.

Кога ќе погледнете назад од почетоците до сега, колку РАГУЗА ГРУП еволуираше изминатите 30 години?

Инспиративната приказна на РАГУЗА ГРУП започнува со МИРКО 919, а од тогаш до денес морам да признам дека групацијата доста еволуираше. Тоа некако доаѓа природно како поминуваат годините. Сметам дека денес од посебно значење е следењето на трендовите. За нас како менаџмент тоа е многу важно и ни овозможило да останаме релевантни на пазарот со цел задоволување на потребите на нашите клиенти. Сите овие години постојано го истражуваме пазарот, ги следиме новостите и случувањата во угостителската индустријата.  Угостителите мора да бидат подготвени да се прилагодат на овие промени.Исто така, морам да нагласам дека во денешно време еден од најклучните фактори во водењето бизнис е инвестирање во работната сила.  

Кога веќе ја споменавте работната сила, колку е значајно за еден бизнис да има добар тим на вработени?

Вработените се столбот на секој бизнис. Со континуирано обезбедуваме услови за постојан развој на вештините на нашите вработени, е клучот на нашиот успех. Нашите вработени се наша најголема конкурентска предност на пазарот. Еден од нашите приоритети е постојано да ги унапредуваме перформансите и експертизата на нашите вработени.  Времињата се доста променети. За разлика од некогаш, денес е доста важно да се обезбедат можности за учење и раст на вработените, создавање позитивна работна средина и систем на наградување. Нашата групација има неверојатен тим на професионалци, а секој од нив има посебна улога во растот на РАГУЗА ГРУП. Нашиот татко секогаш велеше дека клучот за успешен бизнис е да се има добар тим вработени и тоа со сигурност можам да го потврдам. Ние сме сите едно големо семејство и многу сум горд на тоа.

Што значи да се води бизнис во угостителска индустрија?

Започнувањето бизнис во угостителска индустрија е предизвик и бара многу напорна работа и посветеност. Угостителските места  мора да имаат јасно разбирање за нивниот целен пазар, да развијат уникатен концепт што ќе ги разликува од нивната конкуренција и да се прилагодат на потребите и желбите на потрошувачите. Во последниве години, ресторанската индустрија забележа значителни промени, особено поради пандемијата со Ковид-19.  Такви непланирани ситуации бараат подготвеност во секое време. Генерално, иако ресторанската индустрија може да биде предизвикувачка, за оние кои се страстни за храна и гостопримство, и се подготвени да вложат напорна работа за да успеат, водењето на угостителски бизнис е задоволство.

Кои се идните планови на РАГУЗА ГРУП?

Нашата групација во наредниот период се шири во една друга индустрија, односно градежништвото со нашите два нови проекти, „Рагуза Хоум“ и „Мамут“. Проширувањето во нова индустрија е значаен потфат и бара внимателно планирање и разгледување. Меѓутоа, со темелно истражување и анализа на пазарот, добивате јасна слика за предизвиците и можностите на оваа нова индустрија. Инвестирањето и новите предизвици ќе ни помогнат да останеме конкурентни и релевантни на пазарот кој постојано се менува.

Рагуза Груп и понатаму ќе остане фокусирана да ги следи трендовите и да овозможи модерни трендовски услови за реализација на настани од секаков вид кои што можат да се мерат рамо до рамо со глобалните новитети во светот на угостителството.

Доследни на безвременското визионерство, Рагуза Груп продолжува.

Пр објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy