
Го удрил со возило на улица во Куманово, и избегал!
На 13.11.2023 во 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ и излез од паркинг простор во Куманово, патничко моторно возило „јагуар“ со охридски регистарски ознаки удрило во М.И.(38) од Куманово, по што М.И. го напуштил местото.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

