
ГЛЕДАМ МРАК, А ТАТО НЕ ДИШЕ: Осумгодишно момче од Македонија му го спаси животот на татко си по страшна несреќа, МАЛИОТ ХЕРОЈ остана мирен во најтешкиот момент!
Пред две недели на патот Дреново – Кавадарци во сообраќајна несреќа, повредени беа татко и син.
Оваа страшна несреќа завршила среќно благодарение на храброто и решително момче од само осум години.
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, на својата Фејсбук страница ја сподели оваа неверојатна приказна.
Автомобилот во кој се наоѓале таткото и синот излетал дури 22 метри од патот, што укажувало на тешка сообраќајна несреќа. Она што ја прави оваа приказна особено инспиративна е фактот што осумгодишниот син и покрај повредите презел иницијатива и побарал помош за себе и за својот татко.
Градоначалникот опишал дека мајката во целосна загриженост се јавила на итниот број 112 и пријавила дека и се јавил синот и рекол дека возилото што го управувал нејзиниот сопруг излетало од патот.
Операторот на 112 веднаш стапил во контакт со детето кое, иако исплашено и шокирано, можело да ја изрази својата ситуација и повредите.

