Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Главниот извршен директор на Еуромакс Респирцес: За рудникот во Иловица, се што сакаме е власта да го спроведува законот
Македонија

Главниот извршен директор на Еуромакс Респирцес: За рудникот во Иловица, се што сакаме е власта да го спроведува законот

29/04/2024

AA

„Во земјата сме уште од 2004 година и потрошивме 20 години на развојот на проектот за рудник за бакар во Иловица“, истакна извршниот директор на „Еуромакс ресоурцес“, Тимоти Морган Вин во гостувањето во емисијата „Трилинг“. Тој кажа дека на патот на реализацијата на инвестицијата им биле поставени разни пречки и проблеми, но сепак, како што додаде, решението е се поблиску.

-Меѓутоа, бевме извонредно трпеливи, а последните случувања ја доведуваат до крај нашата трпеливост. Во моментот сме во ситуација во која мора да донесеме одлука во врска со проектот, во смисла на тоа дали да продолжиме и да го доразвиеме или дали постои и поинаков став што компанијата може да го заземе. Од политички аспект, нашиот проект е генерациски – ќе се протегне на период од 20-30 години. Многу влади ќе се сменат во текот на проектот, но за нас е важно да ја реализираме инвестицијата, а, во моментов, тоа е сè уште неизвесно и ние неодамна донесовме одлука, како што истакнавте, со која се доведува во прашање тоа дали можеме да продолжиме, изјави Вин.

Директорот на компанијата инвеститор нагласи дека од 2019-та година до сега имаат низа судски спорови и сите биле решени во нивна корист.

– Останува уште само едно чисто административно прашање, кое потекнува уште од 2016 год. Во јуни минатата година, Владата конечно се осврна на ова прашање, кое се однесува на спојување на нашите две концесии. Интересно е тоа што некои се сомневаа во нашите мотиви зад нашето барање за спојување, но тоа е многу едноставно прашање. Ако ја погледнете историјата на проектот, првичните граници на концесијата беа релативно мали, но, како што го дефиниравме проектот, тој стана поголем и подобар и се прошири надвор од првичните граници. Така што, додадовме уште една област, за да ја заокружиме првичната, изјави Вин.

Тој појасни дека според легислативата, барањето за дозвола за експлоатација може да се поднесе само за единечно концесионо поле.

-Исто така, дозволено е и спојување на концесии. Нема логика да изработуваме еден план за едното поле, па потоа друг за другото. Затоа, во јануари 2016 г. поднесовме барање за спојување на нашите две концесии. И, еве, по 8 години, уште нема решение. Во еден кус период, во јуни минатата година, имавме дозвола за спојување, но таа беше набргу повлечена. Треба да се истакнат околностите под кои дозволата беше повлечена. Владата донесе погрешни одлуки на многу нивоа, спротивно на многу закони. Прво, ја повлекоа дозволата за спојување без да дадат образложение, што е спротивно на управното право. Како второ, првичната дозвола беше издадена согласно со Законот за минерални суровини и не може потоа да се повлече во истата јуриздикција, но според друг закон, потенцира директорот на „Еуромакс ресоурцес“.

Морган Вин додаде дека сите подоцнежни одлуки требала да ги донесе надлежната власт, односно Министерството за економија, но тоа не се случило.

-И тогаш, на бизарен начин, кога конечно објавија образложение на одлуката во вид на последователен судски документ, нивното образложение беше дека, по одобрувањето на спојувањето, не сме склучиле нов договор за концесија во рок од 25 дена, а тоа бил „предолг период“. Законот за минерални суровини предвидува рок од 60 дена за потпишување на договор. Така што, одлуката не само што не беше во согласност со рокот во Законот за минерални суровини и покрај тоа што целиот процес го водеше владино тело, туку, за да додадеме контекст, првичното барање го поднесовме пред цели 7,5 години, па концептот на „предолг период“ е, според мене, донекаде чуден. Произволно одлучуваа што е „предолг период“, а што не, нагласи Вин.

Тој истакна дека единствената желба на компанијата е да се спроведуваат одлуките согласно со законот.

-Тоа се обидуваме во моментов – да го решиме управниот спор и да ја натераме владата да се придржува до своите обврски, како што е обврската да го разгледа нашето барање. Условите за спојувањето беа евалуирани три пати од страна на Министерството за економија и сите три пати рекоа дека ги исполнуваме. Сè што бараме е должна постапка. Има една фраза на англиски – „кучето ми ја изеде домашната работа“, како многу слаб изговор за незавршена работа. За мене, последната одлука е донесена со токму таков изговор и затоа бараме владата да се придржува до своите обврски и да носи одлуки според законот. Ете, тоа е сè што бараме, порача Вин во телевизиското гостување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46362
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy