Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германските власти разоткриле руска хакерска банда
Македонија

Германските власти разоткриле руска хакерска банда

06/03/2023

AA

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија.

Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени.

Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе.

Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев.

Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари.

„Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф.

За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45040
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов систем на германските патишта: Казните достигнуваат до 450 евра

06/06/2025

Секоја година, илјадници камиони на германските автопати возат со прекумерна тежина – со што се загрозуваат не само себеси, туку

Монструозна одмазда: Пекарка убила 40 членови на банда, ги намамила со отровна храна – ова

24/05/2025

Продавачка на храна во Кенскоф, Хаити, која изгубил членови на семејството поради насилна банда, се одмаздила така што отрула 40

Руска министерка тргна на инаугурацијата на папата, но брзо се врати повторно во Москва: Причината

18/05/2025

Руската министерка за култура Олга Љубимова не присуствуваше на инаугурацијата на папата Лав XIV. поради проблеми со авиокомпанијата, соопшти прес-службата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy