Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Германија, Австрија, Швајцарија под снег – во Хрватска ќе биде пола метро!
Македонија

Германија, Австрија, Швајцарија под снег – во Хрватска ќе биде пола метро!

02/12/2023

AA

ДЕЛОВИ од Германија, Швајцарија и Австрија се под снег.

Посебно хаотично е во Баварија каде наврна огромно количество снег. Затрупан е Минхен, главниот град на Баварија. Јавниот превоз беше суспендиран, а летовите на аеродромот во Минхен, вториот по големина во земјата, беа прекинати. Многу снег падна во Швајцарија, а паѓа и во Австрија.

Обилните снежни врнежи ја погодија јужна Германија во петокот вечерта и продолжија утринава, предизвикувајќи големи нарушувања на аеродромот во Минхен, вториот најфреквентен центар во земјата.

Иако првите информации беа дека летовите ќе бидат прекинати до пладне, аеродромот во Минхен соопшти дека, поради продолжувањето на обилните снежни врнежи, прекинот на летовите ќе биде продолжен до утре до 6 часот.

„На патниците им се препорачува да не патуваат денес на аеродромот и да го проверат статусот на нивниот лет со својата авиокомпанија пред да отпатуваат утре на аеродромот“, соопштија од аеродромот.

Германската метеоролошка служба DWD прогнозираше долготраен снег до сабота попладне за поголемиот дел од Баварија, а на места се очекуваат дури 30-40 сантиметри снег, „од кои голем дел треба да падне во текот на ноќта во сабота“.

Повеќето локални автобуски и трамвајски услуги беа откажани од петок навечер до сабота во Минхен, бидејќи условите на патиштата се влошија.

Читател на Индекс, кој ни испрати слики од снегот што паѓа, вели дека покрај аеродромот, хаос има и на автопатите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран нападна американски бази во Катар и во Ирак

23/06/2025

Експлозии денеска се слушнале над Доха, пренесуваат новинските агенции „Ројтерс“ и АФП. Иран наводно лансирал ракети на амеирканската база во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy