Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Георгиевски со порака до Касами: Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град!
Македонија

Георгиевски со порака до Касами: Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град!

25/07/2025

AA

ВМРО-Народна партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски најави самостоен настап на претстојните локални избори во Општина Тетово, кои ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе излезат со сопствена советничка листа, како и со кандидат за градоначалник на Тетово.

Во соопштението се наведува дека партијата ќе понуди кандидат со „обединувачки капацитет и визија за модерно Тетово“.

„Им порачуваме на сите Македонци и останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО-НП секогаш ќе имаат партнер од доверба кој нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија,“ се наведува во партиското соопштение.

Дополнително, упатија порака и до актуелниот градоначалник Билал Касами: „Тетово секогаш бил и ќе остане македонски град.“

Од ВМРО-НП најавија дека, по распишувањето на изборите, ќе организираат свечена промоција на кандидатот за градоначалник и листата за Советот на Општината.

Во меѓувреме, Билал Касами, актуелниот градоначалник и лидер на партијата Движење Беса, која е дел од владејачката коалиција ВЛЕН, веќе ја потврди својата кандидатура за втор мандат.

Одлуките на најголемите македонски партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – да не кандидираат свој градоначалник за Тетово предизвикаа реакција од Сојузот на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово. Во својата изјава, тие ја изразија својата длабока загриженост за политичката неактивност во овој дел на државата, оценувајќи ја како занемарување на интересите на македонскиот народ во Тетово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy