Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Георгиев: Бугарија останува на позициите од 2022, без нови услови за Македонија
Македонија

Георгиев: Бугарија останува на позициите од 2022, без нови услови за Македонија

05/06/2025

AA

Бугарија ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, но членството во Европската Унија мора да се темели на принципот на сопствени заслуги, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, коментирајќи го вчерашното одложено гласање за извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

„Членството не се дава автоматски. Потребно е исполнување на јасни и конкретни критериуми“, нагласи Георгиев. Тој додаде дека Бугарија е конструктивен партнер и дека останува посветена на консензусот постигнат во јули 2022 година.

Гласањето за извештајот за напредокот на Северна Македонија беше одложено по предлог на европратеникот Томас Вајц, информира БГНЕС.

Според Георгиев, важно е да се потенцира дека Бугарија нема намера да поставува дополнителни услови за евроинтеграцијата на Северна Македонија, но очекува доследно почитување на договореното, особено во однос на Договорот за добрососедство и Протоколите.

Во сличен тон, Тома Биков од партијата ГЕРБ-СДС изјави дека очекуваат напредок кон ЕУ само доколку, како што рече, „антибугарските и антиевропските сили не ја водат државата“.

Минатата недела, бугарскиот парламент усвои резолуција со која повторно ја потврди својата поддршка за европскиот пат на Македонија, но и обврската за строго почитување на договорите од страна на Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy