Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Геодетска комора: Новиот предлог закон за геодетска дејност е спротивен на европските практики
Македонија

Геодетска комора: Новиот предлог закон за геодетска дејност е спротивен на европските практики

05/06/2023

AA

Претседателот на Комората на геодети Никола Рибароски одржа работен состанок со претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери Кристинка Радевски, професорите од Градежниот факултет-Скопје Лазо Димов, Ванчо Ѓорѓиев и Златко Србиноски и членовите на работната група на Комората за новите закони, на кој се дискутираа предлог- законите за геодетска дејност и за катастар на недвижности кои ги изготви Агенцијата на катастар на недвижности.

Како што информира Сојузот на стопански комори на Македонија, покана за учество беше испратена и до Агенцијата за катастар на недвижности, но претставници на оваа институција не зедоа учество на состанокот.

– По однос на новопредолжениот закон за геодетска дејност, ставот на Комората на трговски друштва за геодетски работи е јасен и дециден. Комората го поддржува и го поздравува донесувањето на новиот Закон за геодетска дејност, но не во овој формат и на начин како што беше изготвен, крајно нетранспарентно, во отсуство на претставници на приватната геодетска фела како директни носители на оперативните теренските геодетски работи, и во крајна линија без решенија за подобрување на условите за работа на приватните геодетски фирми, туку напротив за уште поголемо продлабочување на и онака наталожените проблеми. Законските решенија се спротивни и на еврoпските практики кои постојат во секторот, истакна Рибароски. Потенцираше дека избегнувањето на состаноци и средби што го прави Агенцијата за катастар на недвижност не е конструктивен пристап и е на општа штета на целиот геодетски сектор.

Тој потсети и дека Комората со цел создавање на поповолен амбиент за носење на национална стратегија за реорганизација и унапредување на приватниот сектор преку вклучување на сите чинители на геодетскиот сектор, на последното Собрание на Комората, одржано во февруари годинава усвоена е и Декларација за развивање и унапредување на приватниот геодетски сектор. Декларацијата официјално беше доставена до највисоките државни структури, органи, сродни комори и институции заради обезбедување на консензус за надминување на проблемите со кои се соочува членството на Комората, но и целата геодетска дејност.

– На состанокот беше закучено и дека комуникација и соработка помеѓу две сродни институции, како што се Комората на трговски друштва и Агенцијата за катастар на недвижности мора да има, бидејќи само со дијалог ќе се постигне решение за сите проблеми, а ќе може и да се донесат и многу поквалитетни законски решенија, се наведува во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
Македонија

22 пожари низ Македонија, 9 се активни

27/08/2026
Македонија

Спор меѓу телевизиите и АВМУ: Дали спортските канали „Арена“ илегално

27/08/2026
Македонија

Пронајдена почината 65-годишна скопјанка, телото предадено на обдукција

27/08/2026
Македонија

Предупредување од Галичник: Некој намерно внел дрво и материјали во

27/08/2026
Македонија

Намален бројот на новороденчиња во Македонија: Во второто тримесечје родени

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45293
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се заканувала на цело семејство

27/08/2026

На 26.08.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од скопско, пријави дека во семејниот дом во скопско, нему

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026

Советот на Општина Зрновци на предлог на градоначалникот Ванчо Митев денеска донесе одлука со која се обезбедува ваучер во вредност

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора нова енергетска рута

27/08/2026

Во свечената сала на Владата денеска беше потпишан Договорот за проектирање и изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy