
Генерал Најт: Армиите на С. Македонија и Вермонт учат едни од други, нашето 30 годишно партнерство е само почеток
„Врската воспоставена меѓу нашите вооружени сили е посилна од кога било“, вака го започна обраќањето генерал-мајор Грегори Најт во рамки на неговата официјална посета на Македонија.
„Брз одговор и итен одговор, обете операции за обука од големи размери вклучија повеќе земји-членки на НАТО, истакнувајќи ја напорната година исполнета со обуки каде и Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт можеа да работат и да учат една од друга. Ваквата обука ќе продолжи и е обука со која нашите војници се гордеат“, додаде Најт.
Тој додаде дека лично работи на зголемување на трилатералните обуки каде што Сенегал, Австрија и Македонија, сите три наши партнерски земји, можат заедно да работат.
„Овие партнерства се надоврзуваат на нашата силна врска и поттикнуваат негување на длабоките односи на три континенти. Обуките како нашата неодамнешна обука на Тимовите за цивилна заштита во Вермонт, медицинските распоредувања во Сенегал и континуираната обука од големи размери во Криволак ни даваат одлична можност да го постигнеме ова. Ова партнерство да продолжи да расте надвор од нашата силна армиска соработка. Толку многу можеме да научиме еден од друг во земјоделството, туризмот, работата и образованието што се само дел од областите во кои што може да соработуваме. Потенцијалот е огромен и јас со нетрпение очекувам дека ќе продолжам да работам со моите блиски колеги и пријатели на пишувањето на следното поглавје“, додаде Најт.
Се осврна и на пријателството со Македонија.
„Пријатели. Ова е збор што многупати се користи за да се опише некој со кој сте блиски. Верувам дека многу луѓе го користат овој збор пречесто, одземајќи го вистинското значење на тоа што е пријателство. По 30 години партнерство и соработка, можам искрено да кажам дека изградив долготрајни пријателства со многу мои колеги од Северна Македонија и оваа земја и нејзините граѓани имаат посебно место во моето срцето. Навистина уживам во работата што ја вложуваме заедно и ги ценам односите што ги создадовме. 30 години партнерство, сепак, е само почеток“, додаде Најт.
Оваа година се одбележува 30-години партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт. Припадници на македонската Армија и на Националната гарда на Вермонт имаат спроведено голем број заеднички обуки на кои досега учествувале над 1.800 припадници на Армијата. Во 2012 година, со цел унапредување на односите и соработката и постигнување на особено значајни остварувања на Националната гарда на Вермонт и беше доделен Орден за воени заслуги.

