Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Генерацијата „З“ откри трикови како секогаш да изгледате зафатено во канцеларија
Магазин

Генерацијата „З“ откри трикови како секогаш да изгледате зафатено во канцеларија

30/03/2025

AA

Додека работодавачите сè повеќе ги спроведуваат правилата за хибридна работа, барајќи од вработените да се вратат во канцеларијата, генерацијата „З“ (родена помеѓу 1997 и 2012 година) се соочува со дилема: како да изгледа доволно зафатено за да го смири секогаш присутниот шеф.

Пред околу триесет години, Џорџ Костанца од Сајнфелд имаше теорија: „Секогаш изгледај нервозно“. На тој начин, како што рече, „сите ќе мислат дека сте премногу зафатени“. Денес, оваа изведба на привидна продуктивност се нарекува нешто друго. Генерацијата „З“ денес тоа го нарекува “taskmasking” или во буквален превод „маскирање на задачи“, пренесува „Гардијан“.

Таканареченото “taskmasking” се однесува на личност која се труди да изгледа дека работи напорно, иако не е така. Еден пример за тоа е брзо одење низ канцеларијата со лаптоп во рака. Друг пример е гласно типкање, како вработен во шалтер кој има лош ден, иако тоа што го пишувате нема никаква врска со работата.

Овој тренд, популаризиран на „Тик-ток“, но сè позабележителен меѓу менаџерите и професионалците за човечки ресурси, се појави паралелно со новите правила за задолжително враќање во канцелариите. Многу млади канцелариски работници пораснаа за време на пандемијата, кога работата од дома беше неопходност. За многумина од нив ова е првпат да патуваат на работа секој ден и да работат по однапред определен распоред, наместо да ги извршуваат задачите самостојно, во приватноста на својот дом. Сега, опкружени со колеги и претпоставени, тие мора да научат визуелно да ја соопштуваат својата „зафатеност“.

Во 2019 година, новинаркатз Ен Хелен Петерсен опиша сличен феномен, нарекувајќи го „LARPing your own job“, што би значело на некој начин играње на улоги во живо.

„Можете да ја ‘ларпирате’ вашата работа лично (со одржување бескрајни состаноци, пристигнување рано и останување подолго за да оставите впечаток на „присуство“) или дигитално (со испраќање куп мејлови, постојано разговарање на Слек или слични платформи)“, напиша Петерсен.

Габриел Џаџ, 28-годишна авторка и инфлуенсерка, која претходно работела во ИТ секторот, се присети како таа и нејзините колеги глумеле зафатени во канцеларијата.

„Луѓето изгледаа преморени кога всушност само одеа на ручек или носеа „ЕрПодс“ цел ден за да изгледаат како да се на состаноци цело време“, вели Џаџ. „Многумина само зјапаа во екранот со многу сериозни изрази на нивните лица“, додаде таа.

Дури и паузите за кафе или разговорот на дозерот за вода може да се сметаат за маскирање на задачи ако се разговара за работата.

„Самото започнување разговор со некого прави да изгледате зафатено“, додава Џаџ.

Маскирањето задачи се чини дека постои извесно време, особено затоа што повеќе работници ги препуштаат рутинските задачи на вештачката интелигенција, оставајќи си време за гласни разговори кај дозерот за вода и лажно пишување. Сепак, шефовите можеби имаат претчувство за тоа што се случува: истражувањето од 2021 година покажа дека 80 проценти од компаниите ги следат своите вработени од далечина или во хибриден модел, користејќи софтвер за следење на активностите, локацијата и пишувањето.

Засега, маскирањето задачи останува начин вработените да се обидат да задржат барем одредена контрола.

„Генерацијата З заврши средно училиште и факултет од далечина, доживеа многу важни моменти дома, па идејата дека може да се работи само во канцеларија е сосема туѓа за нив“, вели Џаџ.

„Маскирањето задачи е резултат на горчина и фрустрација поради сето ова. Мислам дека испраќа порака до работодавците: колку ви е важно што сме сите заедно?“, заклучи таа.

 
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy