Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Газдите исчезнале, платите ги нема: Работници од штипска конфекција пред заклучени врати
Македонија

Газдите исчезнале, платите ги нема: Работници од штипска конфекција пред заклучени врати

18/08/2025

AA

Повеќе од 50 работници од една штипска конфекција утрово останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работа по летниот одмор.

Според нивните сведочења, сопствениците на фирмата – државјани на Хрватска и Германија – исчезнале без никакво известување, оставајќи ги вработените без исплатени плати и без никаков контакт.

На влезната врата било залепено кратко соопштение со кое вработените се упатуваат самостојно да се пријават во Агенцијата за вработување. Во пораката нема никакви информации за исплата на заостанатите примања или за идниот статус на компанијата.

Работниците велат дека ниту сопствениците, ниту директорката се достапни – не одговараат на телефонски повици и не се појавуваат во просториите на фирмата.

„Газдите ни се Хрват и Германец, а ние немаме кому да се обратиме. На вратата само оставиле известување до кога ни трае договорот. Ние платата ја бараме од нив и од директорката, но нив никаде ги нема,“ велат револтирани работнички.

Случајот предизвика големо незадоволство кај вработените, кои најавуваат дека ќе бараат институциите да се вклучат за да им бидат заштитени правата и исплатени заостанатите примања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy