Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Газдите едвај наоѓаат добри работници, ама и работниците тешко стигнуваат до достоинствени плати
Економија

Газдите едвај наоѓаат добри работници, ама и работниците тешко стигнуваат до достоинствени плати

07/06/2023

AA

И покрај кризата
за работна сила во државата, повеќето македонски работници не се задоволни од своите
примања.

Газдите се жалат
дека тешко наоѓаат добри работници, а работниците имаат мака да се изборат за
повисоки плати. Работниците сметаат дека заслужуваат повисоки плати, посебно во
услови кога одливот од државата не запира. Ги анкетиравме граѓаните, со цел да
видиме што мислат за висината на платите и дали тие пари се доволни за пристоен
живот.

„Нормално дека
треба да се покачат платите. Минималецот треба да биде 500 евра“, вели Емилија,
граѓанка.

Не се задоволни
ниту оние кои работат во државен сектор.

„Јас сум
вработена во образование, така што и на нас треба да ни се покачат платите. Се
зголеми минималецот, но другите плати останаа во место, така што примањата се
несразмерни“, рече Александра, просветен работник.

Според граѓаните,
ако овде има достоинствени плати, работниците не би се иселиле.

„Има евтина
работна сила и газдите си користат. Ако газдите ги покачат платите, работниците
ќе ни останат тука, во државата“, вели средовечна кумановка.

Синдикатите
постојано се поборници за повисоки плати и подобри услови за работа. Минималецот во Македонија изнесува 20.175 денари.

Милан Џинлев од
Приорити солуции за вработување вели дека мора работниците да испорачаат
резултати, но и газдите да ги почитуваат работниците. Повисоките плати секако
се мотивација за работниците.

„Ако има дефицит
за работници, луѓето треба да бидат мотивирани да се пријават за тие работни
позиции. Зависи што се бара, дали се бараат општи работници, квалификувани
работници, работници за во угостителство. Во нашето поднебје има многу фирми
кои се борат за опстанок на пазарот, но сум против газдата да купи нов
автомобил, нов стан, а при тоа на работниците да не им се покачи плататa. Ако работникот тоа го гледа, ќе се
демотивира и секако работниците ќе почнат да ја напуштаат фирмата.
Работодавецот мора да го почитува работникот затоа што тој му е движечка сила“,
рече Џинлев.

Тој вели дека во
Македонија допрва треба да учиме за многу работи,  но
како успешен пример го наведува фактот дека во странство, и работниците имаат
удел во одредени компании. Сепак, ние сме далеку од таков начин на
функционирање.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната плата
пораснала. Просечната нето-плата по вработен, во март 2023 година,
изнесувала 34.925 денари. Во анкетата на националниот Демократски институт, чии резултати се објавена вчера, граѓаните како проблем ги посочиле ниските плати и пензии.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/BillionPhotos

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026

Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот На ден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy