Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ – ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите
Економија

ГАЗДИ ИМ ЗАБРАНУВАЛЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СИНДИКАЛНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ – ако продолжат, синдикатите ќе им протестираат пред компаниите

20/10/2024

AA

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати.

Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

– Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот – истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им пречи на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ЧАСА НУРКАЊЕ ДОНЕСОА 3 СВЕТСКИ РЕКОРДИ ЗА МАТКА Врело

17/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈМАЛКУ ПРИЈАВЕНИ СИЛУВАЊА ВО ЕВРОПА Шведска

17/10/2026
Македонија

ЗАПЛЕНЕТИ И УНИШТЕНИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА

17/10/2026
Македонија

АХВ УНИШТИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА И

17/10/2026
Македонија

МВР ЧЕШЛА НА 40 МЕСТА, АКЦИЈАТА ТРАЕ ВТОР ДЕН Досега

17/10/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И

16/10/2026
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46218
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ЧАСА НУРКАЊЕ ДОНЕСОА 3 СВЕТСКИ РЕКОРДИ ЗА МАТКА Врело е истражена до длабочина од

17/10/2026

Подводната пештера Врело во кањонот Матка испиша светска историја. Меѓународен тим спелеонуркачи достигна длабочина од 338 метри и постави три

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈМАЛКУ ПРИЈАВЕНИ СИЛУВАЊА ВО ЕВРОПА Шведска и Франција се на врвот

17/10/2026

Шведска и Франција имаат меѓу највисоките стапки на полициски регистрирани силувања во Европа, додека Македонија е меѓу земјите со најниски

ЗАПЛЕНЕТИ И УНИШТЕНИ ТОН ПИЛЕШКИ ЖЕЛУДНИЦИ ОД МЕСАРНИЦИ ВО СТРУГА И ВО ОХРИД Не ја

17/10/2026

Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени при вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, соопшти Агенцијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy