Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Г.г. Стефан: Храмот „Свети Константин и Елена“ е радост за сите сетила – со него добиваме место каде што земјата се среќава со небото, а времето преминува во вечност
Македонија

Г.г. Стефан: Храмот „Свети Константин и Елена“ е радост за сите сетила – со него добиваме место каде што земјата се среќава со небото, а времето преминува во вечност

28/09/2025

AA

Со изградбата на овој семакедонски и сеправославен храм, постигнавме дело кое нѐ надминува. Новиот молитвен дом со својата извонредна убавина е сведоштво дека нашиот народ останува црквоградител, а Македонија земја храм, земја манастир и земја крст, истакна архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан на денешното осветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.

Церемонијата започна утринава во 8:30 часот со ѕвонење на камбаните и траеше околу три часа. На свечениот чин присуствуваа голем број верници, претставници на МПЦ, премиерот Христијан Мицкоски, министри, лидери на политички партии, градоначалници, академици, професори, стопанственици, како и монашкиот клир.

„Овој храм е радост за сите сетила. Со него добиваме место каде што земјата се среќава со небото, а времето преминува во вечност. Светите рамноапостоли Константин и Елена, на кои е посветен овој молитвен дом, заслужуваат ваква убавина. Но убавината на храмот не е цел сама по себе – таа е водич кон Бог. Архитектурата, фреските и иконостасот нѐ потсетуваат дека молитвениот дом постои за да ги издигнуваме нашите срца кон небесните височини. Храмовите не се градат за човечка слава, туку за приближување кон Бога“, нагласи архиепископот.

Тој додаде дека црквата е местото каде што се крштеваме и венчаваме, каде се замонашуваме и ракополагаме, но најмногу од сè – местото каде што се служи светата литургија.

„Ова здание ќе остане немо ако не се исполнува со живи души. Најубав храм е оној што е полн со верен народ, а денес верувам дека токму овој е таков. Да продолжиме редовно да доаѓаме, да се молиме и да благодариме на Бога. Да станеме храмови што не можат да се урнат – храмови на вечниот живот“, порача г. г. Стефан.

Присутните верници со голема возбуда ја следеа церемонијата и имаа можност да запалат свеќи во новоосветениот храм. „Ова е голем чин. По толку години конечно се изгради оваа црква. Сакаме да ни донесе здравје, мир и љубов“, рече еден од верниците.

По завршувањето на свеченоста, МПЦ соопшти дека му доделува Орден на Свети Климент Охридски од прв ред на ктиторот Сашо Костовски и неговото семејство за финансиската поддршка со која се овозможи довршување на храмот.

Осветувањето верниците можеа да го следат и на два големи видео-бима поставени пред храмот, а целата церемонија беше снимана и со дрон.

Меѓу присутните беа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Стефан Андоновски и Весна Јаневска, како и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Изградбата на црквата започна во 2012 година, а заврши по 13 години. Во 2024 година работите беа интензивирани, со што беше комплетирано внатрешното уредување, надворешноста и околниот простор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45648
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА Националниот дата центар ќе

17/09/2026

До крајот на годината ќе биде донесена националната стратегија за вештачка интелигенција, најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ ОД МОСТ Полицијата ѝ

17/09/2026

Скопската полиција ја откри и ја казни жената која денеска беше снимена како фрла ѓубре од мост директно во  Лепенец,

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА ЗАКОН Ова обвинителство ги чинеше

17/09/2026

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Jас тоа го прашувам

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy