Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фрчковски: Кривичната пријава од МНР е политички притисок и полна со неточности
Македонија

Фрчковски: Кривичната пријава од МНР е политички притисок и полна со неточности

13/05/2025

AA

Поранешниот шеф на мисијата на Македонија при ОН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, по повод наводната пријава на МНР се огласи.

„Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк – за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта. После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на Амбасадата на НРМ во Њујорк со цел ширење страв и замолчување.

Во пријавата без срам и перде се наведува дека имало:

пречекорување на сметките за мобилни

поправка на возило без дозвола на МНР

земање на аванс за службено патување (иако целиот аванс е вратен во буџетот, сепак МНР не било задоволено)

вонредни авио билети по повод смртен случај во фамилија (исто така редовно вратени во буџетот), но МНР пак не било задоволно

Според Законот за МНР и Правилникот за плати и надоместоци на МНР, Амбасадор е овластен и може законски да врши пренамена на средства според потребите на работата на амбасадата и сите сторени “пречекорувања“ се сторени во рамките на неговите законски овластувања. Но најголемо незнаење е манипулацијата со парите добиени од сукцесија (продажба на објектот на СФРЈ) во Њујорк, кои дојдоа на сметка на Мисијата. Имено, се вели дека наспроти инструкциите на МНР и Финансии не бил ВЕДНАШ уплатени во буџетот сиот износ, туку на неколку рати бил уплаќано (сиот износ сепак е уплатен без сомнеж). Тоа било нужно да биде така бидејќи финансиските служби на Њујорк инсистираат да останат средства од сукцесијата на сметката – како гаранција за наплатен данок. Додека купувачот на објектот не го плати данокот (тој е задолжен за тоа) средства мора да има на сметките на сите републики од бивша СФРЈ во Њујорк – за да може во ситуација на проблем данокот сепак да биде нплатен од нивните сметки.

Тоа е обврска и задолжение од финасиските власти и сите републики не ги вратиле парите во своите буџети туку задржале дел на своите сметки на мисиите во Њујорк. Така направила и Македонија. Кога данокот (по една година дена) е наплатен од купувачот тие средства се ослободени за сите републики и тие ги вратиле во
своите буџети. Така направила и Македонија. Но МНР бидејќи нема поим за тоа го обвинува Амбасадорот – не постапил по инструкциите на МНР и Финансии да ги врати сите пари веднаш?! Тој и да сакал не можел. Но тоа е тоа, со законски непознавања останува само лоша намера за притисок по секоја цена“, вели Фрчковски.

Од МВР во соопштение велат: На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42408
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy