
ФОТО Започна грејната сезона, а со тоа и загадувањето на воздухот
Од неделата започна грејната сезона во Македонија, а со тоа дојде и загадувањето на воздухот.
Според информациите на 4news.mk најзагадено е во Аеродром и Чаир каде се регистрирани 68mg/m3 и 75mg/m3.
Наодамнешното истражување на Гардијан покажа дека Европа се соочува со „сериозна јавно здравствена криза“, при што речиси сите луѓе ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот.
Според нив, најпогодена земја во Европа е Северна Македонија каде речиси две третини од луѓето низ целата земја живеат во области со нивоа на ПМ2,5 четири пати повисоки од упатствата на Светската здравствена организација (СЗО).
Утврдено е и дека четири области имаат загаденост на воздухот речиси шест пати поголема од дозволената, вклучувајќи го и главниот град Скопје.
Како една од причините за загаден воздух е и греењето, бидејќи најголемиот дел граѓани обично се греат на дрва.

