
ФОТО Салата на УКИМ и натаму лом, АМС не знае кога ќе може да ја користат студентите
Скршени прозорци, градежен шут, и оборени кошеви. Ваква е сликата за спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ сместена во кампусот зад Економскиот факултет за која лани на студентите им се ветуваше дека од годинава ќе може да ја користат, објави Радио МОФ.
Иако темелите за оваа сала беа поставени во 2013 година, а проектот е вреден 2,5 милиони евра, студентите од четирите факултета во кампусот на УКИМ една деценија оттогаш, часовите по предметот Спорт и здравје ги одржуваат во барака во која времено е сместен Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

