Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата
Економија

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

14/01/2025

AA

Вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за шумарство и водостопанство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, Државниот завод за статистика и Државниот архив од денес започнаа со протест со барање на додаток на плата од 30 отсто.
“Почнуваме денес во вторник, бидејќи денес се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневниот ред со која ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од Буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените” – кажа на прес конференцијата претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Од синдикалната организација велат дека договорените предлог – колективни договори се поднесени до Министерството за финансии пред носење на Буџетот за 2025 година, но од неразбирливи причини не се одобрени средства за нивно потпишување.

„Висината на платите на вработените во институциите кои денес протестираат почнува од 25.010,00 денари. Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари.

Додатокот што го бараме од 30 отсто значи дека вработените би добиле 6000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата.

Ова барање е старо повеќе од 4 години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале години наназад, но за жал ниту една влада до сега не излезе во пресрет на нашите барања“, додаде Деаноски.

Протестите ќе продолжат во текот на оваа недела секој ден од 11:00 до 11:30 часот, а во петок вработените од министерствата ќе протестираат пред Министерството за финансии од 11:00 до 12:00 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
Македонија

Малолетник удрен од возило во с. Балиндол, возачот избегал!

13/04/2026
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42430
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени седум настани!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади

13/04/2026

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата. На 12.04.2026 во 17:50 часот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy