
ФОТО Објавени нови фотографии, погледнете каде било и што правело лицето пред да пука кон Штекли
„Фокус“ објави нови фотографии од пукачот кој вчера попладне пукаше во Раде Трајковски-Штекли и негоивот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.
На фотографиите се гледа како лицето седи во обложувалница во трговскиот центар и воопшто не се крие од безбедносните камери.
Непосредно по пукањето на социјалните мрежи се појави видео снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот. Штекли и Колумбо се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а лицето пука со пишол зад нивниот грб.

