
(ФОТО) Нема есен за Елена Најдоски – водителката реши и викендов да се прошета до Грција
Продуцентката на емисијата „Живот со стил“, Елена Најдоски реши да го искористи пријатното време и викендов да „побегне“ до Грција, за да си ги наполни батериите за предизвиците коишто и’ следуваат во нејзината работна кариера.
Нејзиниот „Инстаграм“ профил многумина би го опишале како разгледница, а има и зошто. Најдоски каде и да оди, дел од убавините кои ги доживува им ги пренесува на своите следбеници, со тоа што редовно објавува фотографии и видеа од дестинациите кои ги посетува.
Така е и овој викенд. Кафе, ручек и море пред себе – што друго може на човек да му биде потребно да ужива.

Ѕирнете низ фотографиите кои продуцентката Најдоски ги објави на социјалните мрежи и барем малку ќе почуствувате дел од убавината на Грција и луксузот во којшто ужива водителката.



